Разговор:Ленка – Кочо Рацин
Изглед
а зошто не се дозволува само текст на песна? на англиската има такви статии. Поздрав--MacedonianBoy 21:49, 21 мај 2008 (UTC)
- На англиската нема статии чијашто содржина е само текст на песна. Минимумот е барем една воведна реченица, а би било пожелно и да се категоризира, да се стават надворешни врски и слично (види пример: en:Makedonsko Devojče и Македонско девојче). Впрочем, текстови на песни се дозволени само за народни или стари авторски песни; Википедија не е сајт за текстови на авторски песни (за повеќе, види en:WP:NOT#LYRICS). Оваа ја означив за бришење бидејќи:
- има само текст, и тоа неуреден;
- многу е мала веројатноста некој да ја уреди статијата во рок од еден месец (праксата така покажала);
- има лошо име.
- Би било во ред ако некој напише неколку зборови за песната, односно автор, збирка, година, тема, а текстот да се смести во заглавие ==Текст==, како и да се категоризира правилно. Бидејќи ти праша, те поканувам да го сториш тоа :D Не дека е нешто тешко, ама, ете, никој не го прави тоа (јас, лично, си имам други задачи зададено).
- Важно за името: името на статијата треба да биде едно од следниве:
- Ленка (песна);
- Ленка (поема).
- Ако постои и друга песна/поема што се вика Ленка, тогаш може:
- Ленка (песна од Кочо Рацин);
- Ленка (поема од Кочо Рацин);
- Ленка (Кочо Рацин).
- Мислам дека треба да биде „поема“ бидејќи се разликува од „песна“ (поезија е, не е музичка композиција), а не мора да содржи „Кочо Рацин“ бидејќи не знам за друга поема што се вика Ленка. Значи, „Ленка (поема)“ :) Поздрав. --iNkubusse A? 05:02, 22 мај 2008 (UTC)
- Овде не е филиал на англиската, не треба да се подржава на то, што е таму. Поемите - во Викиизворник, нали тоj е за тоа? Потребител:Bogorm (разговор) 14:50, 28 април 2009 (UTC)
Започнете разговор за Ленка – Кочо Рацин
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Тука можете да започнувате разговори со други околу подобрувањето на Ленка – Кочо Рацин.