Разговор:Иванка Апостолова

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Иванка Апостолова (1973) е уметница и антрополог. Живее и работи во Скопје. Го води Македонскиот Центар на International Theatre Institute (2012-2016), ја менаџира македонската страна на мрежата na COST/Action: In Search of Transcultural Memory of Europe, раководи со ПРОДУКЦИЈА (културна организација), и проектно соработува со повеќе локални и европски универзитет, институти, фестивали и платформи (Институт за повјест умјетности-Загреб, ТЕЕ-Шведска, Универзитетот од Амстердам, Универзитетот од Севиља, Институтот за хуманистички и општествени истражувања Евро-Балкан од Скопје, мрежата на културната организација АРЧИ од Кјети, Италија, Фестивалот на Монодрама-Битола и др.) Објавува научни и стручни текстови од областа на социо-културната, ликовната и театарската антропологија, опфаќа актуелни културолошки и родови проблематики и текови во современите визуелни и изведбени уметности; објавува авторски кратки колажни стрипови (Стрипбургер, Стрипбурек, ЗК, Град, Лифт, Милк&Водка, Антологија женског стрипа на Балкану,Фибра и др.). Зад себе име повеќе самостојни и групни авторски, ко-авторски и кураторски изложби. Во периодот од 2004 до 2009 соработуваше на театарски проекти како сценограф, костимограф и театарски видеаст во повеќе словенечки театри (Лутковно гледалишче, Словенско младинско гледалишче, СНГ Драма-Љубљана, Местно гледалишче и независните Глеј и ШКУЦ гледалишче). Уредник е на стрип албумот Personal futurism / Public politics, 2013.

Иванка Апостолова[уреди извор]

Иванка Апостолова (1973) е уметник и антрополог. Живее и работи во Скопје. Го води Македонскиот Центар на International Theatre Institute (2012-2016), ја менаџира македонската страна на мрежата na COST/Action: In Search of Transcultural Memory of Europe, раководи со ПРОДУКЦИЈА (културна организација), и проектно соработува со повеќе локални и европски универзитет, институти, фестивали и платформи (Институт за повјест умјетности-Загреб, ТЕЕ-Шведска, Универзитетот од Амстердам, Универзитетот од Севиља, Институтот за хуманистички и општествени истражувања Евро-Балкан од Скопје, мрежата на културната организација АРЧИ од Кјети, Италија, Фестивалот на Монодрама-Битола и др.) Објавува научни и стручни текстови од областа на социо-културната, ликовната и театарската антропологија, опфаќа актуелни културолошки и родови проблематики и текови во современите визуелни и изведбени уметности; објавува авторски кратки колажни стрипови (Стрипбургер, Стрипбурек, ЗК, Град, Лифт, Милк&Водка, Антологија женског стрипа на Балкану,Фибра и др.). Зад себе име повеќе самостојни и групни авторски, ко-авторски и кураторски изложби. Во периодот од 2004 до 2009 соработуваше на театарски проекти како сценограф, костимограф и театарски видеаст во повеќе словенечки театри (Лутковно гледалишче, Словенско младинско гледалишче, СНГ Драма-Љубљана, Местно гледалишче и независните Глеј и ШКУЦ гледалишче). Уредник е на стрип албумот Personal futurism / Public politics, 2013. Иванка Апостолова