Протест „Бараме вода за пиење“
Протест „Бараме вода за пиење“ е организиран во април 1988 година во Велес. Во тој период жителите на градот се соочуваат со голем недостиг и проблеми со водоснабдувањето и водата за пиење.
Идеја и реализација на протестот
[уреди | уреди извор]Во целокупната состојба во која се наоѓал градот во тие години, кога револтот кај граѓаните од загадувањето и последиците секојдневно растел, свеста полека почнала да се развива и буди.
Во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес, Пандорка Никушева во разговор со дел од колегите предложила на денот на самоуправувањето да направат нешто поразлично и поинтересно во Велес но и да се слушне гласот на граѓаните. Таа предложила да се одржи дефиле низ градот со учениците од сите средни и основни училишта и истиот да се заокружи како мирен протестен собир, на кој ќе побараат да се направи нешто односно да се подобри водоснабдувањето во Велес и да добијат чиста и квалитетна вода за пиење. Душан Џаџов и директорот на гимназијата ја подржале во идејата. Следеле разговори и договарање со останатите училишта кои ја прифатиле идејата и се сложиле да го подржат со присуство дефилето со протест.
Надлежните биле скептични за самата организација на дефилето и се плашеле истото да не прерасне во протест против државата.
Никушева во својата изјава која ја дала за медиумите вели дека кога побарала стручно лице да се обрати на протестот тие и рекле: „Ти сакаш со глава ѕид да рушиш, ако ти тргне колата низ брдо не знаеме каде ќе стасаш!“
Дефиле на улиците на Велес
[уреди | уреди извор]Тоа априлско утро од сите основни и средни училишта учениците и наставниците со транспаренти и свирчиња а некои од нив и со маски на лицето се упатиле кон плоштадот во Велес Сар Маале. Во 1988 година повеќе не било тајна дека има големо загадување од Топилницата за олово и цинк „МХК Злетово“[1] која ги претворило градот и околината во тмурно место за живеење.
На плоштадот се собрале о 2,500 до 3 000 луѓе тоа воедно и бил прв протест во државата а присуствувале и медиуми од цела Македонија. Никушева се обратила пред присутните и од власта таа кажала каква е состојбата со водата[2] а со самото тоа се надоврзало и загадувањето на водата и подземните води.
За првпат пред присутните новинари и јавноста се проговорило за проблемите со кои секојдневно се соочуваат велешани од загадувањето на топилницата. Новинарите како и Радио Скопје како државна медиумска куќа информирале за протестот кој се одржал во Велес. Целата јавност се прашувала „Кој тоа го организира“? Градот Велес станува лулка на еколошко движење и започнува силниот отпор на граѓаните кон најголемиот загадувач.
По овој протест се организирале уште неколку други но за жал нивната масовност воопшто не била голема. Луѓето се плашеле да излезат и јавно да ги побараат своите права за чиста и здрава вода за пиење и животна средина. Но граѓаните на Велес и младината стануваат свесни за сеништето кое секој ден е над нивното здравје.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Топилницата за олово и цинк во Велес
-
Протест против загадувањето од Топилницата за олово и цинк во Велес
-
Поглед кон фабриката и градот од депонијата со троска во Велес
-
Топилница поглед од реката Вардар каде ги испушта во реката загадените води
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Топилница за цинк и олово „Злетово" – Титов Велес – МАРХ“ (англиски). Посетено на 2024-05-24.
- ↑ „Лесно може да се случи Велес да остане без вода за пиење“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-05-24.