Преминувајќи ја Јордан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поминувајќи ја Џордан

Поминувајќи ја Џордан


Жанр Криминална, Драма Напишано од Тим Кринг (Tim Kring)

Во главните улоги Џил Хенеси (Jill Hennessy) Мигел Ферер (Miguel Ferrer) Рави Капур (Ravi Kapoor) Кетрин Хан (Kathryn Hahn) Стив Валентин (Steve Valentine) Џери О'Конел (Jerry O'Connell)

Земја на потекло САД Бр. На сезони 6 Бр. На епизоди 117 (Листа на епизоди)

Продукција Време на траење 42–44 минути Емитување Првичен Канал NBC

Првично емитување 25 Септември 2001 – 16 Мај 2007

Статус Завршена Надворешни линкови Official website


Поминувајќи ја Џордан е Американска телевизиска криминална/ драмска серија која се емитуваше на НБЦ (NBC) од 24 септември 2001 година до 16 Мај 2007 година. Во главна улога е Џил Хенеси (Jill Hennessy) како медицински истражувач, Џордан Кавано, кој го решава криминалот. Емисијата употребува целосно броен кадар кој го претставуваат соработниците на Џордан, членови на Бостонската канцеларија за Медицински Истражувања и полоциски детективи назначени за различните случаи. Ова е создадено од Тим Кринг (Tim Kring.) Насловот се однесува и на името на главната улога и на библиската метафора на античките Хебрејци (Hebrews) поминувајќи ја реката Џордан (Jordan River,) често употребувана во духовните песни да преставува смрт и поминување во задгробниот живот. За време на првите две сезони, серијата употребуваше трик кадешто Џордан и нејзиниот татко, пензиониран полициски детектив, Кен Ховард (Ken Howard) , ги играа настаните со менување на улоги од тоа неделно убиство, кое беше сликовито покажано со играњето на улогата на жртвата или осомничениот од страна на Џордан во рекреирањето на сцената, идејата на менувањето на улоги би и помогнало на Џордан да ги открие околностите во кои се случил криминалот, како криминалер профилер. Овој елемент од сериите беше изоставен кога Ховард ја напушти серијата како редовна улога; како и да е, имаше делови кога Џордан ги менуваше улогите со други личности, како што се Вуди и Мејси. По 6 сезони и 117 епизоди, на 14 мај 2007, серијата беше откажана он НБС. Содржина [hide] • 1 Каст и улоги o 1.1 Главни улоги o 1.2 Периодични улоги o 1.3 Помали улоги o 1.4 Појавувања во серијата • 2. Продукција • 3. Емитување o 3.1.Организација o 3.2. Откажување • 4. Епизоди, ДВД објавувања и САД рејтинг • 5 Видете исто така • 6. Надворешни линкови Каст и улоги Сезона Медицински Истражувач Главен Медицински Истажувач Медицински Истражувач Советник за Ожалостени Форензички Техничар Главен Детектив Помлад Детектив Семејство 1 Д-р Џордан Кавано (Jill Hennessy) Д-р Герет Мејси (Miguel Ferrer) Д-р Макеш "Баг"Вијау (Ravi Kapoor) Д-р Треј Сандерс (Mahershalalhashbaz Ali) Лили Лебовски (Kathryn Hahn) Најџел Таунсенд (Steve Valentine) Дет. Вуди Хојт (Jerry O'Connell)* / Макс Кавано (Ken Howard)

2 Д-р Елејн Душамп (Lorraine Toussaint)

3 Д-р Петер Винслоу (Ivan Sergei)

4 / Дет. Вуди Хојт (Jerry O'Connell) Разно 5 Дет. Талула "Лу" Симонс (Leslie Bibb)

6 Д-р Кејт Свицер (Brooke Smith)* /

  • Го означува ликот кој не се има појавено во отварачките заслуги, но се има појавено во серијата

Главни улоги • Д-р Џордан Кавано (Jill Hennessy) – медицински истражувач од Босон кој решава злосторства со текот на истражувањето. Џордан е емоционално исплашена со убиството на нејзината мајка кога таа ( Џордан) била дете, кои поттикнуваат значајни проблеми со довербата кои, до скоро време, значително и ги ограничуваат врските со мажи. На крајот на шестата и последна сезона, Џордан му рече на детектив Хојт дека е вљубена во него. Таа има дипломирано на Универзитетот од Масачусетс Амхерст и Тафтс Универзитетско Училиште за Медицина. • Д-р Герет Мејси (Miguel Ferrer) – Главниот Медицински Истражувач, шефот на Џордан. Мејси мора да се справува со променливото однесување на Џордан исто како и со неговото збунето семејство (тој има ќерка-тинејџер, Аби, и е разведен од својата жена) и со неговите лични демони (Мејси е алкохоличар). Герет има афинитети кон џезот. Тој е познат по тоа дека имал романтични сплеткувања со советникот за ожалостени Лили Лебовски, Рене Валкот, Чарли Дејвис, и , очигледно, со неговата единствена сопруга. Меги Варнер. Герет го има признаено својот проблем со пиењето, по дознавањето дека неговата ќерка, Аби, станала зависник на хероин по напуштањето на колеџ и со сплеткувањето со друг зависник на хероин. • Д-р Махеш "Баг" Вијарагавенсетјанарианамурти (Махеш Вијау) (Ravi Kapoor) – брилијантен но срамежлив форензички ентомолог од Ливерпул. Тој е вљубен во Лили, што, се до последната епизода од 5 сезона не беше возвратено. Во почетокот на сезоната 6, со откажувањето на венчавката на Лили, неговата врска со Лили започнива да се движи напред. Како и да е, работите стануваат комплицирани со неочекуваната бременост на Лили од нејзиниот некогашен сопруг, Џефри. Баг тоа го презеде на себе за да ја натера Лили да се всели со него и тој да ги подрќува и неа и бебето. Во епизодата наречена “Пост Хок“, при близу крајот на последната сезона, Баг исчезнува без трага, на големо вчудивидување од страна на неговите колеги. Д-р Мејси врши испитувања и дознава дека Баг е држан incommunicado од страна на Одделот за домашна безбеднос, под сомнение дека Баг е терорис. Тој конечно е ослободен по испитивање (не е видено) кое вклучувало мачење со посипување на вода врз него, и тој е оставен длабоко потресен од тоа искуство. • Лили Лебовски (Kathryn Hahn) ( Сезона 1 Епизода 2-8 со периодично појавување, Сезона 1 Епизода 9-Сезона 6 како константна улога); советник за ожалостени со добро срце кој работи во канцеларијата за медицински истражувања. Лили и Герет беа романтично инволвирани, но нивната развивачка врска заврши кога Герет и се врати на својата поранешна сопруга за кратко време. Од тогаш па наваму тие останаа пријатели. Како што минуваше сезона 2, Лили изгледање како да го преболува Герет само за да се сврти кон Баг. Само колку за да се искомплицираат работите (за Баг-кој сеуште има чувства кон Лили) нечувствителниот детектив Мат Сили се обидува да ја освои Лили (во негои моменти изгледаше и дека успева во тоа). Мајката на Лили умира во април 2005 откако ја прекази кола. Баг мислеше дека Лили е посвоена бидејќи нејзината крвна група се разликуваше од онаа на нејзината скоро почината мајка. Герет скоро откри дека за жената сметаше дека и е мајка е всушност нејзината тетка. Во “Мистериозни Начини“ таа се помири со тоа и ја прифати понудата за брак од страна на нејзиното момче. Таа потоа го откажа венчавањето (затоа што сфати дека имачувства кон Баг). Бргу потоа, Лили дознава дека носи дете од Џефри, Медлен. На крајот на сезона 6, таа се вселува кај Баг, по неговата понуда таа и бебето да живеат со него. • Д-р Најџел Таунсенд (Steve Valentine) (Сезона 1 Епизода 1-9 како пероидична улога, Сезона 1 Епизода 10-Сезона 6 како константна улога), досетлив британски криминолог, член на левицата и со амбициозен приватен живот. Тој тврди дека сака девојки (“Копач“), и дека имал девојка (“Не ме заборавај“), но сепак има шпекулации дека тој можеби е бисексуалец. Често познат по неговиот црн хумор и познавањето на се од кафе до текстил. Најџел побегнал од Кралската Морнарица кадешто бил офицер за противобавестување. За Најџел се смета дека има чувства кон Џордан, затоа што секагаш го извршува она што таа го сака и покрај можноста дека може да ја загуби работата како последица на тоа. Тој не зборува со својот татко, кој сеуште живее во Англија, се до некое време пред епизодата “Убиство на улицата Морг“, во која и спомнува на Џордан дека му е мило шо пак стапил во контакт со својот татко и жали зошто не одржувал контакт со него толку долго време. Како и да е, дносот помеѓу него и неговиот татко продолжува да е разнишан. Во една епизода на почетокот на серијата беше споменато дека тој има тетоважа од Бети Буп (Betty Boop) на левиот задник, но ова подоцна не беше ниту потврдено ниту негирано. Тој е познат по неговата техничка вештина, и неговата употреба на комјутер често води до важни докази. • Детектив Вуди Хојт (Jerry O'Connell) (Сезона 1-3 како периодична улога, 4-6 како константна) -полициски детектив од Висконсин кој често работи со Џордан на нејзините случаи. Тој е познат и по тоа дека негува чувства кон Џордан, која одбива, и повеќе сака пријателство мислејќи дека така е побезбедно. На роденденот на Џордан (“Ти прегрната“, Сезона 4), Вуди и даде дијамантски прстен, гест, кој според Најџел, покажува дека Вуди сака нешто повеќе во нивната врска, но Џордан го одби прстенот. За прв пат се појави во епизодата “Погрешно место, погрешно време“, и остана во серијата од сезона 4. Во последната епизода од сезона 4(“Скокни Турни Падни“), Вуди беше ранет од страна на убиец на полицајци и за малку ќе умреше во болницата, случка која ја натера Џордан да ја признае нејзината љубов. Многу обожаватели го сметаат ова како голем чекор во вистинската насока за нивната врска, но опоравувачкиот Вуди ја одби, верувајќи дека нејзината изјава за романтични чувства се поттикнати од сожалување. Кога поради случај отиде во Лас Вегас, тој започна кокетна врска со Сем Маркез (од слична ТВ серија Лас Вегас). Според настанот кој се случи во епизодата “Историја на Виолони“ од сезона 4 на Лас Вегас , врската изгледаше дека е прекината иако тој беше поканет од Сем да присуствува на венчавката на Делинда Делајн. Тој има помал брат, Калвин( кој го игра вистинскиот помал брат на О’Конел, Charlie O'Connell), зависник од алкохол и дрога кој секогаш запаѓа во неволји. • Макс Кавано (Ken Howard) (Сезона 1-3, периодична во сезона 4); татко на Џордан, поранешен полицаец кој станал сопственик на бар, и исчезна на крајот на сезона 3, а повтрно се појави во епизодата “Се случи една ноќ“. Појавувањето на Кен Хоуард во серијата се смени од константна улога во појавување како ѕвезда. • Д-р Треј Сандерс ((Mahershalalhashbaz Ali) (Сезона 1)- повеќе конзервативен медицински истражувач кој работи со дозвола, и ја напушти серијата по првата сезона. Иако неговото заминување не беше објаснето, се претпоставуваше дека неговата дозвола или е истечена или ја завршил, и едноставно заминал на друга работа. • Д-р Елејн Душамп (Lorraine Toussaint) (Сезона 2)- медицински истражувач кој се приклучи на тимот во сезона 2, често се удараше со глава со Џордан и Герет, и се појави дека таа била таму за да го преземе управувањето на Иследничката канцеларија од Мејси. Конечно по развивање на добар однос со тимот, таа умре од Ешерихиа Коли во епизодата “Совршена Олуја“, откако му го спаси животот на Петер. • Д-р Петер Винслоу (Ivan Sergei) (Сезона 1 една епизода-Сезона 2 периодочно, Сезона 3 константна улога) –медицински истражувач, зависник на дрога кој се лечи. Тој се појави во сезони 2 и 3 и едноставно исчезна без објаснување. Наџел го покрива Петер земајќи ја неговата смена на тенол лед. • Детектив Талула “Лу“ Симонс (Leslie Bibb) (Сезона 5 редовна; Сезона 6 периодична)- за прв пат се појавува во сезона 5, кога и беше назначено да работи со детектив Хојт на некои психолошки работи на кои тој налетува за време на неговата полициска работа. Оттогаш, Лу станува чест соработник со канцеларијата на МИ на случаи гради врска со Хојт; не е познато како се справуваше во далечната врска на Вуди со Сем Маркез. Во епизодата “33 Куршуми“ (6x03), таа беше умре откако беше застрелана за време на Бостонско безредие. Периодични улоги • Јавен обвиниел Рене Валкот (Susan Gibney)- јавнен обвиниел кој постојано доаѓа во кнфликт со Џордан. Таа беше во романтична врска со Герет Мејси, но тоа заврши кога таа имаше афера со нејзиниот поранешен сопруг и остана бремена (кое се совпаѓаше со бременоста во реалниот живот на Гибни). Потоа се врати во сезона 4. • Детектив Мет Сили (David Monahan) – некаков детектив женомразач кој е син на новинарско влијателно лице. Тој има тенденција да е нечувствителен и да не мисли пред да зборува, постојано нервирајќи ги личностите во серијата. Тој покажа посебен интерес за Лили Лебовски, и врската беше колебливо истражена, но Сили се помалку и помалку се појавуваше во сезона 5, како што растеше врската на Лили со Брендау( кое се совпаѓаше со друг проект на кој Монахан работеше). • Доктор Ховард Стилс (Wallace Shawn) – постојаниот психијатар кој го проверуваше менталното здравје на сите од време на време (обично еднаш во сезона), особено она на Џордан. Тој флертуваше со Џордан, но изгледаше дека ја разбираше нејзината посветеност и занемарувачки проблеми многу добро, и е екстремно нежен кога ја советува. • Детектив Роз Фрамус (Sandra Bernhard) - неодамнешно додадена на списокот на периодичните улоги. Таа го нарекува Баг “Баглс“, што Баг го мрзи, и често го задева “Експедиторче“ и затоа што претходно имал “Уши на Спок“. • Еми (Emy Coligado) – работи како асистент во канцеларијата за медицински истражувања. Еми се има појавено во преку 20 епизоди во серијата, започнувајќи со “Роден да бега“, четвртата епизода од прва сезона. • Џефри Брандау (Ethan Sandler) - нов член (од сезона 5) во канцеларијата на јавниот обвинител кој започнува врска со Лили, создавајќи љубовен триаголник на начини помеѓу нив двајца и Баг. Лили го остава пред олтарот кога сфака дека е вљубена во Баг. Тој повторно ја бара за жена кога дознава дека таа е бремена со неговата ќерка, Мадлен, но таа одбива. • Кејт Свицер (Brooke Smith) – нов медицински истражувач, и последниот од долгата линија на антагонисти за да се приклучат на остатокот од тимот во мртвачницата. Иако таа има научено да работи подобро со колегите, нејзиниот однос со персоналот, особено со Џордан и Герет останува затегнат до крај. Иако тие имаат тенденција да се нервираат до крај, таа понекогаш исгледа како да чувствува нешто за Најџел. Таа има Денди Динмонт териер кој се вика Бинки, и често се заканува дека ќе го храно со човекови бубрези. • Џејмс Хортон (Michael T. Weiss) – Џејмс е полубратот на Џордан. Тој е шест години постар од Џордан. Нивната мајка имала афера со друг полицаец- Детектив Малден. Макс се одрекол од Џејмс, и Џејмс станал криминалец- неговите отпечатоци се најдени на местото на убиството на мајката на Џордан. Тој се смета за мртов откако скокнал во реката Чарлстон, иако негото тело никогаш не беше пронајдено. • Д-р Деван Меквајар (Jennifer Finnigan) (периодична улога)- постојан патолог кој се појави во 10 епизоди, вклучувајќи и една во која Џордан не се појавуваше. Иако таа и Џордан често се караа и оставаа впечаток дека не се сакаат, Деван ја сметаше Џордан за нејзина пријателка. Деван само што започнуваше да гради блиска врско со Вуди кога загина со авионска несреќа помеѓу Вашингтон и Бостон во епизодата “Оган од Небото“. • Детектив Ени Капра (Arija Bareikis) (периодична улога) – жена детектив која му беше партнер на Вуди во сезона 3. • Аби Мејси (Alex McKenna) (периодична улога) – ќерка на д-р Герет Мејси, која стана зависник на хероин по отпишувањето од колеџ и сплеткувањето со дилер на хероин. • Д-р Сидни Трумејн (Eugene Byrd) (периодична улога) - нов медицински истражувач кој се судри со Баг за преземањето на моќта. Сидни исто така исчезна по отворањето на сезона 5 “Нема место како дома II“. Како Петер претходно, неговото име е споменато, доведувајќи до заклучок дека тој сеуште работи, иако невиден, во мртвачницата. • Џ.Д. Полак (Charles Mesure) (периодична улога)- понекогаш добар репортер кој излегуваше со Џордан на почетокот на сезона 5. Нивната врска, која на почетокот повеќе беше сексуална, стана доволно сериозна за да Џ.Д. ја запроси, но работите се откажаа откако Џордан спиеше со Вуди во епизодата “Не ме сака“. Џ.Д. беше пронајден мртов на крајот на сезона 5. • Вилијам Ајверс (Jeffrey Donovan) (периодична улога) –повлечен шармантен адвокат најмен во сезона 6 од страна на канцеларијата на гувернерот за да истражи однесувањето доведено во прашање во мртвачницата, насочувајќи се кон Мејси, иако и Џордан беше кратко потенцијален осомничен. За разочарување тој не наоѓа ништо погрешно и подоцна се стреми кон тековното трошење на мртвачницата како отворена врата за голема катастрофа, наметнувајќи нов, строг буџет со кој во мртвачницата недостасува од многу потребната опрема. Загубата предизвикува многу проблеми во два важни случаи ( Ноќта на живите мртовци (6x06) и особено во Изолација (6x08)), кое подоцна резултираше со отповикување на буџетот и заминувањето на Ајверс. Тој на кратко се враќа во Мртво Повторно (6x15) , здружувајќи се со Џордан кога жена за која се смета дека е мртва, од случај кога Ајверс бил истражен адвокат 6 години претходно, некако се појавува мртва во мртвачницата. • Детектив Лоис Карвер (Amy Aquino) –не-бесмислена детективка која се појавува во сезона 1. Не се појавува толку често во сезона 2, воопшто не е видена во сезона 3, и се појавува во само две епизоди од сезона 4 (“Веќе Минато“ и “Потребни Ризици“). • Детектив Еди Винслоу (DW Moffet) ( Сезона 1) –Овој детектов за прв пат се појавува на почетокот на сезона 1, и со сигурност се знае дека имаше тензија помеѓу него и Џордан. Постепено дознаваме и зошто-Винслоу бил последниот партнер во полицијата на Макс Кавано, кој го ’издал’ што довело Макс да биде избркан од полицијата. На крај и Макс и Џордан се помируваат со Еди, и тој добива силна улога . Тогаш тој завршува кон крајот на сезона 1. Помали улоги • Јавен обвинител Џеј Мајерс (Brian Stokes Mitchell) - извршен адвокат со кој Џордан се сплеткува кратко во сезона 1. Тој за прв пат се појавува во “За Хери со љубов и беда“ (1х19) во барот на Макс кога Џордан го преипитува својот љубовен живот и започнува (воглавно) сексуална врска со него, без да го знае неговото име ниту кој е тој (и обратно) се додека Џордан (како сведок) не биде испрашувана од него на суд. Тој повторно се појавува во “Некој на кој можеш да сметаш“ (1х21), кога тој доаѓа кај Џордан за помош со гонењето на 14 годишно девојче кое ја убило својата мајка. • Херман Рединг (Jack Laufer) – институционализиран троен убиец кој тврди дека знае кој ја убил Емили Кавано, и покрај фактот дека Емили заминала одамна од болницата пред тој да биде преместен. Рединг оставал доказ по доказ за Емили на Џордан во “Тајни & Лаги, 1“(1х22), додека истражува серија убиства наместени да изгледаат како самоубиство, вклучувајќи и писмо со истиот фантомски отпечаток најден оригиналното истажување. Тој подочна престанува да молчи (по 10 години) за да направи договор со Џордан. Да го извлече од таму и да ја докаже неговата невиност во замена за она што Џордан го сака од него. • Детектив Луиза Сантана (Camille Guaty) – истакнат детектив во одделот на бостонската полиција кој се појавува во епизодата “Сина месечина“ и повторно кратко во “Семејна афера“. Се претпоставува дека е сеуште во полицијата. • Оливер Тајтлмен (Brian Kimmet)- самозамислен форензички продиџи кој се фасцинира себеси со создавањето на совршено убиство и начини на обработка на убиства за да ги измами истражувачите. Тој има невообичаена обсесија за да го победи д-р Мејси во неговата сопствена игра. Оливер се појавува во епизодата “Ѓаволот можеби се грижи“ и “Нема место како дома II“. • Калвин “Кал“ Хојт (Charlie O'Connell) - помалиот брат на Вуди. Тој за прв пат се појавува во “Поделба на зајдисонце“ нуспродуктна епизода (2х20). Кал повторно е претставен во на половина на сезона 4, со позадина која го прикажува како многу шармантен, но еднакво проблематичен млад човек со историја на употреба на дрога, покрај другото, често го насадува Вуди со одговорноста. Кал не толку случано се појавува во “Кожа и Коска“ (4х16), толкму кога масивна гробница полна со гангстери е откриена. • Арлен Лебовски (Lesley Ann Warren) - мајката на Лили која ја посвоила. Таа прва пат се појавува во “Не гледај назад“ (2х08), како што е очигледно дека таа и Лили го немаат најдобриот однос. Арлен поворно се појавува во “Менувачницата на Локард“ (4х17), посетувајќи ја Лили уште еднаш, но тоа трае кратко откако Лили и наредува да се тргне од нејзиниот живот и мигови подоцна, таа е смртно погодена во престрелка. Како резултат на тоа, Лили врти нов лист, дури барајќи од правниот систем да се осигура дека жената која ја погодила Арлен, жена која верувала дека таа е љубовница на нејзинио маж, добие правдина. • Детектив Елиот Чендлер (Boris Kodjoe)- нов детектив кој се појавува во две епизоди во сезона 6. Појавувања во серијата • Gregory Jbara како Стен Бенедикт во сезона 2, епизода 2, “Бомбите пуштени“. • Josh Duhamel и Molly Sims како Дени и Делинда во епизодата од Лас Вегас вкрстување, сезона 6, епизода 4 “Луда мала работа наречена Љубов“. Продукција Поминувајќи ја Џордан е создадена од Тим Кринг и е продуцирана од Tailwind Productions во соработка со NBC Universal. Пеач-композитор дуото Wendy and Lisa ја ја изведоа музиката за серијата. Кавалите и свирките на Eric Rigler можат да се слушнат во повеќе епизоди. Научните аспекти на серијата се споредливи со ЦСИ:Истрага на Место на Злостор, но доаѓаат со рок&рол сензибилност која се должи на Џордановите психолошки Олуја и Нагон. Серијата е исто така помалку графичка од ЦСИ сериите, и е повеќе карактерна. Во првата сезона, Хенеси беше единствениот член на екипата кој е прикажан во отварачките заслуги, што го истакна средувањето на Eric Rigler на традиционална ирска песна “ Мојата љубов е во Америка“ (Макара втор дел: Мојата љубов е во Америка3 од цд-то “Пат“ на Bad Haggis.) Почнувајќи од втората сезона, серијата присвои повеќе клинички заслуги каде сите главни улоги беа претставени, заедно со отворачка тема која е повеќе рок а помалку звучи на ирска тема. Поминувајќи ја Џордан е сместена во истиот фантастички универзум како и сличната серија Las Vegas од НБЦ. Во сезона 4 епизода “Што се случува во Вегас умира во Бостон“, случај ги води Вуди И Џордан во Лас Вегас , каде шо Вуди станува добро запознат со домаќинот на казиното Монтесито, Сем Маркез (Vanessa Marcil). Тие едно време одржуваа врска на далечина, О’Конел се појави во пет епизоди на Лас Вегас а Ванеса Марчил се појави како Сем во две епизоди на Поминувајќи ја Џордан. Емитување Премиерата на Поминувајќи ја Џордан беше во 2001 година на НБЦ; првично средено да дебитира на 11 септември, но нејзиното емитување беше поместено поради терористичкиот напад на тој датум. Се емитуваше во понеделник, петок и сабота, емитувањето датираше низ 2005-2006 сезона. Серијата паузираше во 2003-2004 сезона поради бременоста во приватниот живот на Хенеси. Серијата повторно се снимаше на 9 март, 2004 со скратена сезона од 13 епизоди. Крајната линија на заплетот од крајот на сезона два беше преместено во нова епизода, во која имаше смешен подзаплет Заден прозор , 1954 година од Alfred Hitchcock. Преминувачката епизода од Лас Вегас во која екипата на Поминувајќи ја Џордан се појавува се емитуваше на 17 ноември, 2006 иако НБЦ не емитуваше нови епизоди од Поминувајќи ја Џордан есента во 2006 година. Првично, шестата сезона требаше да се појави во недела навечер по завршетокот на фудбалската сезона во јануари, но беше преместена за 20 октомври, 2006 година и да биде во петок навечер а Медиум е преместена за недела навечер по фудбалот. Треба да се емитува во 20 часот Источно/Пацифичко време а 19 часот по Централно време, но НБЦ одлучи да одбегде емитување на сценариско програми во тоа време. Премиерата на сезоната беше поместена поради 1против 100, шоу кое го водеше Боб Сагет. Премиерата на сезоната се емитуваше на 17 јануари, 2007 во 22 часот по Источно/ Пацифичко време а 21 часот по Централното. Почнувајќи од 7 март, 2007, серијата се помести во ново време, среда 21/20Ц. Организација НБЦ се обиде да ја организира Поминувајќи ја Џордан за време на втората сезон. Репризи често се покажуваат на A&E во САД и Канада. Откажување Првично, финалето на шестата сезона беше промовирано како расплет. Авионска несреќа која ќе ги остави сите главни личности (со исклучок на Лили) во неволја на врв на планина со малку надеж дека ќе бидат пронајдени, беше најавено дека ќе заврши без решение, како што приказната ќе се подигне почетокот на наредната сезона. Но кога, НБЦ одлучи против обновувањето на Поминувајќи ја Џордан на седма година, фановите беа доведени до нов крај. Медицинскиот истражувач Џордан конечно му се спротивстави на својот страв од отворање на своите чувства кон Вуди и конечно ја призна својата љубов. Понатаму, сите личности беа спасени во крајните моменти од серијата. Крајот доведе до основа за гласини дека продуцентите снимиле два краја за финалето: еден во случај да серијата продолжи , и друг во случај да не продолжува. Серијата е откажана на 14 мај, 2007, два дена пред да се емитува финалната епизода на сезона 6.