Портрет на сопругата Сава (Зографски)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на сопругата Сава
Творец Ѓорѓи Зографски
Година 1938
Димензии 58 см × 41,5 см
Место Национална галерија на Македонија, Скопје

Портрет на сопругата Сава – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 58х41,5 см, насликана во 1938 година. Сликата е во сопственост на Националната галерија на Македонија во Скопје[1]

На сликата е претставена покојната сопруга на уметникот. Таа е свртена на лева страна и е поставена на темносин фон. Облечена е во темносино палто, поставено со кафеаво-жолто крзно, сиво-бела кошула со затворена јака, сино здолниште, а на главата носи жолта шамија.

Наводи[уреди | уреди извор]