Портокалова тундра

Од Википедија — слободната енциклопедија

Портокаловата тундракоктел од вотка, Kahlúa, крем сода и сок од портокал. Традиционално се става преку 2 до 3 коцки мраз во старомодна чаша од 230-350 мл.

Потекло[уреди | уреди извор]

Овој мешан пијалок за првпат бил откриен во 2003 година и станал многу познат потоа. Името на овој пијалок во голема мера се припишува на неговата ладна температура за служење и изгледот на портокал поради употребата на сок од портокал.

Типичен рецепт[уреди | уреди извор]

  • 25мл вотка
  • 25 мл крем сода
  • 25 мл Kahlúa (или ликер од кафе)
  • 25 мл сок од портокал

Состојките се додаваат во цилиндрична чаша по следниот редослед: вотка, крем сода, ликер од кафе и, конечно, сок од портокал. Иако може да се додаде мраз, пијалокот не треба да се меша пред служење.

Поврзано[уреди | уреди извор]