Во позицијата на дијаграмот, црниот има голема материјална предност, но неговиот крал е во незавидна позиција, што на белиот му овозможува преку одлична комибнација да освои половина поен.
Се чини дека белиот е во целосно загубена позиција, бидејќи заканата на црниот е да матира во два потега, играјќи 1...Dg3, со неодбранлива закана 2...Dg1#. Но, од друга страна црниот крал се наоѓа на аголот од таблата, па еден шах на белиот топ по осмиот ред може да биде матоносен. Така, идејата на белиот е да се искористи слабоста на црниот крал со објава на шах по осмиот ред со потегот 1.Тd8. Сега, црниот е принуден да одигра 1...Db8. Во оваа позиција, белиот има можност да ја добие размената на топот со дамата, но во тој случај проодниот црн пешак на f2 е доволен за победа. Главниот проблем за белиот во оваа позиција е како да ја продолжи комбинацијата. Решението на проблемот се крие во положбата на сите пешаци на таблата, при што белиот може да игра само со топот или кралот, додека црниот само со дамата. Знаејќи го тоа, белиот ремизира играјќи 2.Тg8!!. Како што беше напоменато, црниот е пред принуден потег да го земе белиот топ на g8, по што белиот крал е во пат позиција и партијата завршува реми. Во спротивно, црниот би можел и да ја загуби партијата, доколку дамата отстапи на било кое друго поле на осмиот ред.