Портал:Телевизија/Телевизиски канал

Од Википедија — слободната енциклопедија

МРТ каналот е третиот канал на Македонската радио-телевизија. Основан е на 7 јануари 1991 година како Канал 3 на Телевизија Скопје

На 7 јануари 1991 година Телевизија Скопје започнува да емитува програма и на својот трет канал. „Канал 3” се емитува пет дена во неделата по четири часа, целосно „во живо” и со поведри содржини низ кои за првпат во програмите е применет телефонски разговор со гледачите, како и повеќе други атрактивни програмски содржини и акции со кои се анимираат гледачите. Во другите часовни појаси Третиот канал е исполнет со преземена сателитска програма и пренесува активностите на Собранието. Прочитајте повеќе