Портал:Македонска Православна Црква/Црква

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црквата Св. Спас е еден од најзначајните споменици на културата во Скопје. Таа се наоѓа источно од тврдината Кале. Во дворот се влегува низ тешката и опкована дабова порта и во него доминира едноставниот камен саркофаг во кого се сместени посмртните остатоци на големиот македонски револуционер и борец за слобода Гоце Делчев (1872-1903). Црквата е тробродна, средниот брод е засводен, страничните се рамни и покриени со штици во коцки, додека во западниот дел е подигната галерија за жени. На јужниот ѕид, повисоко од денешното ниво на подот, во текот на поправката на црквата 1963-64 год.