Портал:Лингвистика/Избрана јазична тема

Од Википедија — слободната енциклопедија

Глаголот (латински: verbum, „збор“) е една од зборовните групи на јазикот. Според дефинициите на синтаксата, глаголот е збор што искажува дејство, процес или состојба. Во најголем број од јазиците основната форма на глаголот е инфинитивот, но во некои јазици, како што е македонскиот, инфинитивот не постои па така, основната форма се одредува според некоја глаголска форма во еднина. Главните одлики на глаголот се неговите граматички категории кои, за разлика од другите зборовни групи, се најбројни. Меѓу нив спаѓаат времето, видот, начинот, залогот, лицето, родот, бројот и преодноста. Македонскиот збор „глагол“ потекнува од старословенскиот глаголи што значи „зборува“.

Дознајте повеќе...