Портал:Лингвистика/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Графички приказ на сегашното време.

Глаголите во македонскиот јазик сочинуваат сложена зборовна група. Според општата класификација, македонските глаголи се менлива група зборови и се обележани за следниве граматички категории: вид, време, начин, лице, род, број, залог и преодност. Како резултат на исчезнувањето на инфинитивот во македонскиот јазик, македонските глаголи се делат на три големи групи според последнната самогласка во трето лице еднина од сегашното време: а-група, и-група и е-група. Глаголот „сум” е единствениот глагол чија форма за трето лице еднина сегашно време не завршува на самогласка и затоа се смета како исклучок.

Понатаму, глаголите се делат според видот на несвршени глаголи (зборува, оди, пие итн.), на свршени глаголи (зароби, дојаде итн.) и на двовидски глаголи (најчесто глаголи што завршуваат на -ира: акумулира, се консултира итн.). Видот е граматичка и лексичка категорија од исклучително значење за оваа зборовна група. Според неа се одлучува во кое време и на кој начин ќе се менува еден глагол. Свршените глаголи од и-групата и е-групата се делат на три, односно на четири раздели според основната самогласка во првото лице еднина од минатото определено свршено време (аорист).

Иако во традиционалната лингвистика глаголските времиња и начини се единствени категории за групирање на глаголските форми, во македонската граматичка традиција најпрвин се изучуваат простите, а потоа сложените глаголски форми. Дознајте повеќе...