Портал:Војна/Избрана статија/2

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во 332 п.н.е, Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база во војната помеѓу грците и персијците. Бидејќи не би во можност да јуриша на градот, Александар поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и, откога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна го срушил половина град. Сите 30,000 жители биле масакрирани или продадени во ропство. (повеќе...)