Портал:Археологија/Стоби

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија, додека портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи. Тие некрополи се од хеленистички, римски, византиски и словенски период. Најстари пишани извори за Стоби наоѓаме кај Ливиј (Livij), кога споменува за победата на Филип V, крал на Македонија, над Дарданците во 197 г. п.н.е. Според археолошките податоци градот бил подигнат во хеленистичкиот период, но не многу пред владеењето на Филип V. Прочитајте повеќе

Теодосијанската палата Во Стоби