Портал:Анархизам/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анархизмот е политичка теорија која се залага за елиминација на задолжителната власт (државата) како непотребна, штетна и непосакувана и го поддржува укинувањето на сите политички, економски и општествени хиерархии. Таквото општество за кое се залагаат анархистите, тие го нарекуваат анархија. Анархизмот може да се дефинира и како, став дека општеството може и треба да биде организирано без насилната држава. Анархизмот вообичаено е сметан за радикална левичарска идеологија. Постојат многу типови и традиции на анархизам, не сите од нив се меѓусебно исклучиви. Анархистите имаат различни ставови за економската и легалната организација на општеството: некои претпочитаат колективистички анархизам, анархосиндикализам или партиципаторна економија, додека други поддржуваат пазарна економија и приватна сопственост како мутуализмот, а други пак, како анархокомунистите предлагаат економија на подароци, т.е. „на секому според потребите“. Прочитајте повеќе