Поезија (збирка песни од Едгар Алан По)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поезија е збирка песни од американскиот поет Едгар Алан По, објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1969 година. Изборот на песните и препевот на македонски јазик го извршил Гане Тодоровски.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена во едицијата „Поетска плејада“, со тврд повез и со обем од 73 страници. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Вера Арсовска. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 1 500 примероци. Книгата не е каталогизирана, ниту пак ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Покај песните на По, книгата содржи и поговор со наслов „Поезијата на Едгар Алан По“, напишан од Гане Тодоровски, хронологија на животот на По, како и библиографија и литература посветена на По. Збирката ги содржи следниве песни на По:[2]

  • Песна (Song, 1827)
  • Во сонот сон (A Dream within a Dream, 1827)
  • Сон (A Dream, 1827)
  • Најсреќниот ден - најсреќниот час (The Happiest Day, the Happiest Hour, 1827)
  • Езеро: На (The Lake: To -, 1827)
  • На (To, 1829)
  • На реката (To the River, 1829)
  • На (To, 1829)
  • Кон Еелена (To Helen, 1831)
  • Израфел (Israfel, 1831)
  • Градот во морето (The City in the Sea, 1831)
  • Ленора (Lenora, 1831)
  • Колосеум (The Coliseum, 1833)
  • На онаа во рајот (To One in Paradise, 1834)
  • Химна (Hymn, 1835)
  • Палата на сеништата (The Haunted Palace, 1835)
  • Земјата на соништата (Dreamland, 1844)
  • Гарванот (The Raven, 1845)
  • Јулејли(Eulalie - A Song, 1847)
  • Јулалуам (Ulalume - A Ballad, 1847)
  • Елдорадо (Eldorado, 1849)
  • На мајка ми (To My Mother, 1849)
  • Анабел Ли (Annabel Lee, 1849)
  • Ѕвона (The Bells, 1849)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969.
  2. Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969.