Подзол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Подзолите се голема група на кисели сиалитни елувијално-илувијални-диференцирани почви со профил E-Bt, f, h, al, кои се образуваат под иглолисни и мешани шуми во услови на промивен воден режим при сезонски замрзнувања на глинести морени, покривни глини, глинести делувијални и елувијално-делувијални депозити на кисели карпи. За образувањето на почвата е карактеристично периодично пренавлажнување на површинските делови од профилот за време на пролетното топење на снегот и наесен пред натрупувањето на снежната покривка.