Поделена љубов (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Поделена љубов“ (фр. La fille coupée en deux - буквално Девојка на половина) е филм од 2007 година режиран од Клод Шаброл (фр. Claude Chabrol). И во овој филм, Клод Шаброл го прикажува животот на француското „високо“ општество, преку приказна за млада девојка која се обидува да успее во тие кругови. Главните улоги ги толкуваат Лудивин Сањер (фр. Ludivine Sagnier) која ја толкува Габриел Денеж, Беноа Магимел (фр. Benoît Magimel) во улога на Пол Гиденс и Франсоа Берлан (фр. François Berléand) како Шарл Сен Дени.

Сиже[уреди | уреди извор]

Габриел Денеж е млада шармантна и харизматична девојка која гради телевизиска кариера. Нејзината љубов кон популарниот писател Шарл Сен Дени останува изневерена, па утеха наоѓа во патолошката заљубеност на неурамнотежениот Пол Гиденс, наследник на големо богатство. Во тој момент таа е ставена помеѓу двата популарни лика од париското високо општество.