Пембе

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пембе оро)

Пембе е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Велес.[1]

Ова е оро кое се игра на почеток бавно а потоа со постепено забрзување. Чекорите се смирени, се игра со одмерени чекори, а карактеристично е нагласеното играње со петиците. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. На првите три такта од музиката играчите мируваат, а орото почнува од четвртиот такт. Ритамот е двочетвртински.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 53-56