Партизански приказни
„Партизански приказни“ (српскохрватски: Партизанске приче) — филм на режисерот Столе Јанковиќ од 1960 година. Главните улоги ги играат: Борис Бузанчиќ, Милан Милошевиќ, Шпела Розин, Бранко Плеша.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во првата приказна, група партизани, борејќи се против острата зима и против непријателот, доаѓа во едно планинско село во кое партизаните не се добредојдени. Селанката каде што се сместени партизаните открива дека некој ѝ го украл шалот и ја пријавува кражбата. Така, партизанскиот одред е исправен пред тешка одлука, но сепак го осудува момчето кое ја извршило кражбата на смртна казна... Во втората приказна, една ноќ за време на војната, ќерката на шефот на железничката станица му помага на ранетиот заповедник на партизанскиот одред да побегне од прогонителите. Меѓутоа, Германците ја откриваат и ја осудуваат на смрт...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Југословенски филмови
- Црно-бели филмови
- Партизански филмови
- Филмови на УФУС
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1960 година
- Филмови на Столе Јанковиќ
- Филмови со Борис Бузанчиќ
- Филмови со Милан Милошевиќ
- Филмови со Шпела Розин
- Филмови со Бранко Плеша
- Филмови со Никола Поповиќ
- Филмови со Столе Аранѓеловиќ
- Филмови со Душан Вујисиќ
- Филмови со Јанез Врховец
- Филмови со Гизела Вуковиќ