Пандемонио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фолк Бенд Пандемонио. Од лево кон десно: Кристоф Шмуцигер, Марко Гиаи-Левра, Џакомо Сера, Виторино Гајо, Рикардо Шарф

Пандемонио е фолк бенд од Ломбардија. Од 2000 година тие обновуваат и преуредуваат традиционални италијански народни песни со елементи од други звучни светови, како блуграс, кантри и ирската музика. Звукот е заснован на акустични гитари, мандолини, флејти и псалтерија обоена со полифонични гласови.

Биографија[уреди | уреди извор]

Групата Пандемонио била формирана во 2000 година од Виторино Гајо (акустична гитара, мандолина, вокалист), Марко Гиаи-Левра (акустична гитара, мандолина, вокалист) и Кристоф Шмузигер (акустична гитара, мандолина, вокалист), кои сите биле поранешни студенти на добро познатите Бепе Гамбета (флетпик гитарист) и Карло Аонзо (мандолина). Уште од раните поччетоци групата го нашла својот пат во прекрасната акустична народна музика. Главниот интерес на групата била да го врати и репродуцира репертоарот, главно популарниот, додавајќи аранжмани и звучност на типични флетпик инструменти. Во 2004 година на бендот му се придружиле Џакомо Сера (флејта и вокалиат) и Рикардо Шарф (псалтерија). Конечно групата се комплетирала и стана квинтет. Нивниот репертоар вклучува инструментални и вокални аранжмани со користење на придружба на акустични инструменти кои се движат од традиционалната италијанска до келтска/ирската и американската кантри-музика. Групата Пандемонио го издала своето прво ЦД во 2006 година и имале бројни настапи во италијанските ТВ канали како на Телеломбардија, Канале 6, Антена 3 и Канале 5. Во 2006 година го објавиле својот прв албум.

Членови на бендот[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • il raccolto -жетвата- (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]