Памана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Памана / Дана
Pulau Dana
Rote Island en.png
Памана на карта на островот Роти
Географија
Координати11°00′36″S 122°52′37″E / 11.01000° ЈГШ; 122.87694° ИГД / -11.01000; 122.87694
АрхипелагРоти
Управување


Раџата на Западен Роти во посета на Памана

Памана или Дана (Dana,[1] Dona, Ndana) — мал остров во јужна Индонезија, во рамките на архипелагот Мали Сундски Острови. Лежи точно на напоредникот 11° ЈГШ близу поголемиот остров Роти. Административно му припаѓа на намесништвото Роти Ндао во покраината Источни Мали Сундски Острови и на југ се граничи со австралиската островска територија Ашмор и Картие. Памана е познато како најјужната точка во Азија.

Фауна[уреди | уреди извор]

Островот го населуваат елени, разни видови птици и секоја година е посетен од желки кои доаѓаат да полагаат јајца.[2]

Предание[уреди | уреди извор]

Според некои преданија, островот бил населен во XVII век, но населението пострадало во колеж од одмазда и телата фрлени во езеро. Оттогаш островот останал ненаселен.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Monk, K.A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 7. ISBN 962-593-076-0.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SurfRote - About the island“. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 2017-08-14.
  2. Grotting, Bjorn. „Roti Island“. Indonesia Photo. Посетено на 18 ноември 2012.

Поврзано[уреди | уреди извор]



Координати: 10°59′10″S 122°51′50″E / 10.98611° ЈГШ; 122.86389° ИГД / -10.98611; 122.86389