Охридски камнар

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Barbatula|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Охридски камнар
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Barbatula
Вид: Охридски камнар
Научен назив
Barbatula sturanyi
(Steindachner, 1892)

Охридски камнар (Barbatula sturanyi) — вид риби зракоперка од родот Барбатула. Живее во Охридско Езеро.

Опис и распространетост[уреди | уреди извор]

Камнарот припаѓа на семејството Nemacheilidae. Камнарот има вретенесто издолжено тело, покриено со ситни, всадени лушпи. Телото до грбната перка е цилиндрично, а кон опашката благо странично сплескано. Главата е широка и дорзовентрално сплескана, додека очите се дорзално поставени. Устата е долна и на горната усна има шест мустаќи, четири на рилото и два во аглите на устата. Предниот носен отвор е цевчест. Бојата на телото зависи од местото на живеење. Обично грбот и страните на телото се сиви до сивокафени, по страните се сместени мраморести шари во вид на темнокафени петни. Стомакот е светложолтеникав до бел. Задната ивица на опашната перка е рамно засечена. По грбната, опашната и градните перки има повеќе реда на темни пеги. Пегите отсуствуваат на стомачните и аналната перка. Охридскиот камнар го населува Охридското Езеро и реката Црн Дрим со притоките.[1]

Основни биолошки одлики[уреди | уреди извор]

Охридскиот камнар полово созрева во втората до третата година од животот. Во периодот на мрестењето, кај полово зрелите мажјаци и женки, по телото и внатрешната страна на стомачните перки се јавуваат епителијални брунки. Се мрести во пролет, април и мај, ретко во март. Икрата ја положува на песок и камења. Плодноста на женката изнесува до 6.000 јајца со пречник од 1 до 1,5 мм. Мрестењето е порционо. Охридскиот камнар достигнива максимална дожина од 10 до 12 см. Животниот век и е до 8 години. Охридскиот камнар претставува риба од дното на чистите и бистри води. Живее на каменито и чакалесто дно, каде се крие под камењата. Младите се групираат во помали јата, додека возрасните живеат единечно. Се храни со ситни животинки од дното. Возрасните се хранат со разни без’рбетници и со икра од други риби.[1]

Значење[уреди | уреди извор]

Нема никакво значење од аспект на рекреативен и стопански риболов.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година