Остров Гемилер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Островот Гемилер (турски: Gemiler Adası) — остров кој се наоѓа во близина на брегот на Турција во близина на градот Фетхие. На островот се наоѓаат остатоците на неколку цркви, изградени помеѓу четвртиот и шестиот век, а покрај нив има и голем број на поврзани објекти. Археолозите веруваат дека на таа локацијата бил оригиналниот гроб на Свети Никола.

Историја[уреди | уреди извор]

На островот се наоѓаат урнатините на петте грчки цркви од византиски период изградени меѓу четвртиот и шестиот век,[1][2] и околу 350 метри долга патека наменета за црковна процесија. Другите остатоци од истиот период вклучуваат околу четириесет други црковни објекти и над педесет христијански надгробни споменици.[1] Една од црквите е исклесана директно од каменот на островот, на највисоката точка од островот, и се наоѓа на најзападниот крај од патеката за процесија.[1] Можно е дека островот бил користен од страна христијанските верници како дел од рутата кон Светите Земји.

Археолозите денес веруваат дека островот можеби бил локација на оригинални гроб на Свети Никола.[1] Традиционалното турско име за островот е Gemiler Adası, што значи "Остров на бродчиња", што може да биде повикување на улогата на Свети Никола, како светец-заштитник на морнарите. Островот исто така бил познат како остров на Свети Никола, од страна на морнарите во средновековниот период.[1] Археолозите веруваат дека тој бил погребан во црква исклесана од камен по неговата смрт во 326 година. Неговите мошти останале таму се до 650тите години, кога островот бил напуштен поради загрозеноста од арапската флота. Моштите на Свети Никола биле преселени во градот Мира одалечен околу 40 км на исток.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Островот денес е многу популарна дестинација за пристанување на големи турска бродчиња наречени гулети (на пример од Олу Денис), кои превезуваат голем број туристи на островот, како и за помалите приватни бродови, бидејќи полумесечестиот заливот може да се искористи како безбедно место за закотвување. Византиските урнатините може да се видат од морето. Мал импровизиран ресторан стои во заливот, за да во летниот период ги пречека морнарите. Сопствениците не живеат на островот, тие се враќаат на копното кога завршува сезоната. За посета на урнатините се наплаќа влезница од 10 турски лири.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Santa's tomb is found off Turkey: Academics claim to have found where“. The Independent. 1993-12-17. конс. 2019-04-20. 
  2. Eskenazi, Gerald. „THE BOATING REPORT; Cruising Along the Turkish Coast, Comfortably“, „The New York Times“, 28 јуни 1998. (на en-US)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]