Органски риби

Од Википедија — слободната енциклопедија

Органската риба е вид на органска риба која расте во својата природна состојба. Засега, органската риба станала една од нај популарните јадења бидејќи му обезбедува на човечкиот организам јаглехидрати, белковини и разни минерали со заштитните фактори потребни за добро здравје [1]. Покрај тоа, органската риба е така произведена од системи за органско производство и во согласност со релевантните стандарди и закони. Целта на органското производство на риба е да се потенцира здравјето на луѓето, со кое што се мисли, да не се користат пестициди, хемиски и генетски изменети производи. Затоа, органските производи задржуваат голема количина на хранливите материи а се истовремено ефикасни за да се избегне производство на штетни материи. Органската риба ги следи законите на природата и екологијата. Не користи хемиски синтетички супстанции и каква било технологија за јонизирачко зрачење и генетски изменета технологија за време на процесот на производство, преработка, пакување, складирање и транспорт. И органското производство на риба мора да се изврши во неконтаминирана вода. Поради своите ограничени услови на раст, органските риби имаат високи стандарди за квалитет на водата, животната средина и хранливи материи и не се хранат со вештачка храна. Токму заради ова, органските риби растат бавно, а со тоа и цената е повисока од обичните риби. „Органска риба“ не е само дива риба, нутритивната вредност на рибата е повисока од онаа на дивите риби, како со селен, железо и други минерали. Од нивно размножување до продажба, во целиот процес е присутна вештачка интервенција. Во процесот на производство, строго се следат стандардите за безбедност на храната утврдени од националниот оддел за заштита на животната средина и одделот за технички надзор, а забрането е употреба на генетски изменети супстанции и вештачки интерферон, како што се хормоните и пестицидите. За да е попрецизно, рибата е всушност вештачка риба од слободен опсег, произведена според построги здравствени и безбедносни стандарди.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Magkos, Faidon; Arvaniti, Fotini; Zampelas, Antonis (2003-01-01). „Organic food: nutritious food or food for thought? A review of the evidence“. International Journal of Food Sciences and Nutrition. 54 (5): 357–371. doi:10.1080/09637480120092071. ISSN 0963-7486. PMID 12907407.