Орањето на Крале Марко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Орањето на Крале Марко (српски: Орање Марка Краљевиһа) е српска епска (јуначка) песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Марко пие вино со својата мајка Евросима (Јевросима), а таа го наговара да го напушти војувањето и да се зафати со орање, зашто само така може да се прехранат. Марко ја послушува мајка си, но наместо ридовите и долините, тој ги ора царските патишта. По патот поминуваат јаничари, кои носат три товари со богатство. Тие му велат на Марко да не ги ора патиштата, но тој им вели да се тргнат настрана, зашто му газат по изораното земјиште. Така, Марко и јаничарите се препираат одредено време, но кога нему му се смачува, тој ги остава воловите, ги убива јаничарите и им го зема богатството, велејќи ѝ на мајка си: „Еве, што изорав денес за тебе.“[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Junačke narodne pesme, Rad, Beograd, 1959, стр. 78-79.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 228.