Општествениот избор и поединечните вредности
Општествениот избор и поединечните вредности (англиски: Social Choice and Individual Values) - книга на американскиот економист Кенет Ароу од 1951 година чие второ, дополнето издание се појавило во 1963 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Оригиналното издание на книгата содржи седум глави, а во второто издание Ароу додал уште една глава:[1]
- Вовед
- Природата на преференциите и изборот
- Функцијата на општествената благосостојба
- Принципот на компензација
- Општата теорема на можностите за функциите на општествената благосостојба
- Индивидуалистичките претпоставки
- Сличноста како основа на проценките на општествената благосостојба
- Забелешки за теоријата на општествениот избор, 1963
За делото
[уреди | уреди извор]Првобитно, книгата била објавена во 1951 година, како 12. монографија на Каулсовата фондација за истражувања по економија (Cowles Foundation for Research in Economics) при Универзитетот Јеил. Притоа, Ароу почнал да работи на книгата летото 1948 година при крајот на неговата работа како консултант на Каулсовата фондација за сметка на Корпорацијата РАНД (The RAND Corporation). Потоа, тој ја довршил книгата во периодот од октомври 1948 до јуни 1949 година, како дел од истражувачката програма на Каулсовата фондација.[2]