Одбојка на песок

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Одбојка на плажа)
Прејди на: содржини, барај
Натпревар во одбојка на плажа

Одбојка на песок или одбојка на плажа е олимписки тимски спорт кој се игра од две екипи со по два играча на песочен терен поделен со мрежа. Иако одбојката на песок на почетокот била само забава, постепено прераснала во вистински натпреварувачки спорт, а од 1996 година влегла во програмата на Олимписките игри. За време на натпревар се играат 3 сета до 21 бод.