Обвинение за убиство на еден студент (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Обвинение за убиство за еден студент е италјански филм од 1972 година.

Режисер на филмот е Мауро Болоњини (Mauro Bolognini), а сценариото го имаат напишано Уго Пиро (Ugo Pirro) и Уго Либераторе (Ugo Liberatore). Улогите ги играат Масимо Раниери (Massimo Ranieri), Мартин Балзам (Martin Balsam), Тури Феро (Turi Ferro), Џузепе Колици (Giuseppe Colizzi), Луиџи Диберти (Luigi Diberti) и др.


Заплет[уреди | уреди извор]

Филмот се случува во Рим.

За време на еден судир помеѓу работници-демонстранти (во чии редови има и студенти) и полицијата, загинуваат полицаец и студент. Судијата назначен за случајот, заедно со двајца началници, повеќе и е наклонет на верзијата на полицијата: студентот е убиен од страна на еден од демонстрантите, а полицаецот е убиен од Масимо Троти, студент по архитектура и член на партија која не е дел од парламентот. Навидум фактите и одат во полза на оваа верзија, па така Троти завршува во судница. Меѓутоа виновен за убиството е Алфио Сола, син на судијата. По советите на другарите, Алфио сведочи на суд во корист на Масимо Троти. Но залудно.