Норка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Норката е птица од редот бекасиновидни птици и од фамилијата норки. Од постојните видови, најпозната е тенкоклуната норка. Живее во подрачјата околу Северниот Пол, на околните крајбрежни делови и на отворено море. Долга е 39-42 сантриметри, тежи 500 до 900 грама и живее околу 8 години. Полова зрелост постигнува на возраст од четири до пет години. Женката обично снесува едно јајце во дупка или во пукнатина меѓу карпите. Инкубацијата трае еден месец. Три недели по изведувањето, малечкото го напушта гнездото и се симнува по карпите за да стигне до морето, бидејќи сè уште не знае да лета.