Николас Рејес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николас Рејес, 2012 година

Николас Рејес (роден 22 ноември 1958 година) е водечки пејач на музичката група Gipsy Kings. Тој пее главно во стилот на традиционално и популарно фламенко и латиноамериканска румба. Неговиот бурен глас и емотивниот начин на изведба им даваат посебен шмек на неговите песни и го прават еден од најистакнатите фламенко изведувачи. Тој ги извел песните на Gipsy Kings како Bamboleo, Volare и многу други, кои заземаа водечки места на топ листите. Николас Рејес свири на гитара со лева рака. Етничка припадност му е циганско Кале.

Николас Рејес е третиот од 5-те браќа во семејството на пејачот Хосе Рејес; неговите постари браќа, Пабло и Канут, и помладите, Пачаи и Андре[1] се исто така активни членови на групата; Како солисти настапуваат и Канут и Патчаи. Синот Николас Жорж (Џорџ; роден 1975) е исто така член на групата. Николас, како и остатокот од бендот, зборува шпански и француски и пее на шпански и ромски шпански. Тој живее на југот на Франција, каде што живеат остатокот од бендот и нивните семејства.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]