Нике (божица)
Изглед
Нике (старогрчки: Νίκη) - божица на победата во старогрчката митологија. Нејзин пандан во римската митологија била божицата Викторија. Познат е храмот на Нике Аптерос која се наоѓа на Акропол. Како гласничка на победата, таа најчесто е претставена како лета со раширени крила или се спушта на земјата, облечена во раскрилена облека.[1]
Нике како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Нике која се колеба“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[2][3]