Нескафе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нескафе
Nescafé logo.png
Логото што се користи денес
Излегол 1938
Фирма Нестле
Белешки официјална страница

'Нескафе (оригинал: Nescafé) е бренд на инстант кафe произведено од Нестле. Го има во многу различни форми на продукти. Името е составено од зборовите „Нестле“ и „кафе“.[1] Кафето во прав на компанијата Нестле е претставено за првпат на 1 април 1938 година и после 7 или 8 години било развиено од страна Макс Моргентхалер.

Брендирање и маркетинг[уреди | уреди извор]

Нескафе, бренд воведен од компанијата Нестле, може да се најде од 1930-те. Во САД, името нескафе се употребувало на неговите прoизводи сè до доцните 1960-ти. Подоцна, компанијата “Nestle” воведила нов бренд во САД наречен “Taster’s Choice” којшто го заменил “Nescafe” за многу години. “Taster’s Choice” исто така во ова време бил воведен и во Канада и продолжил да се продава како посебен производ, брендиран со ист квалитет како “Nescafe” и со повисока цена.

Во Велика Британија, кампања за реклами на телевизија, “The Gold Blend couple” со улоги на “Anthony Head” и “Sharon Maughan” се одвивала во 12 епизоди помеѓу 1987 и 1993 година. Првите 11 епизоди биле пуштени како видео за промоција наречено “Love Over Gold” во 1993 година. Новела со истото име напишана од “Susan Moody” (под псевдонимот “Susannah James”) била објавена истата година.


Во 2003 година, компанијата одново го вовела брендот “Nescafe” во САД и производот сега е познат како “Nescafe Taster’s Choice”. Се продава во супермаркетите во САД и во стаклено и во пластично пакување. Додека брендот “Nescafe” бил создаден за растворливо кафе, подоцна бил употребен и како заштитен бренд и на многу други производи за инстант кафе, вклучувајќи ги и “Gold Blend” и “Blend 37 freeze-dried coffees” во Велика Британија.

Во 2006 година “Nescafe” го поставил новиот систем машина за кафе “Dolce Gusto” (сладок вкус на италијански). Системот им овозможува на потрошувачите самите да си направат различни видови на кафе (“cappuccino” “latte macchiato” “espresso” “lungo” итн.) Дополнително со машината може да се направи и топло чоколадо и ладни пијалоци. Машините денес се продаваат во повеќе од 60 земји во светот. За разлика од другите производи на “Nescafe”, “Dolce Gusto” најмногу користи печено и мелено кафе, наместо инстант кафе.

Друга маркетинг активност вклучува услужен маркетинг, којшто го доведе “Nescafe” до тоа да стане главен спонзор на “Good Food Show 2008” на “NEC” во Бирмингам како дел од нивната кампања за да доведе до проширување на колекцијата на “Nescafe”. Околу 95% од потрошувачите на колекцијата на овој популарен производ на “Nescafe” ја оценија како најдобра. “Nescafe” користи напредна 3D технологија за да ги привлече потрошувачите, предводена од “ID Experiential”. Во август 2009 година во Велика Британија, компанијата “Nescafe” потрошила 43 милиони фунти за реклами на “Nescafe”, фокусирајќи се на бистрината на кафето и истакнувајќи го насловот “Кафето е бистро”.

Судски спор[уреди | уреди извор]

Во февруари 2005 година, “Associated Press” изјавил дека “Nestle” изгубил спор и бил обврзан да му плати 15,6 милиони американски долари на “Russell Christoff” за користење на слика од него на нивната етикета на “Taster’s Choice” без негова дозвола речиси 5 години (1998-2003). Пресудата од 15,6 милиони долари била потполно променета од Апелациониот суд. На 31 октомври, 2007 година, Врховниот суд на Калифорнија, со глас од 6-0, одобрил приказ. На 17 август 2009 година, судот ја сменил пресудата (мислење S155242) и случајот е задржан од судот, за да се разгледа дали рекламната кампања “single publication” би го спречила “Christoff” да тужи, бидејќи статутот истекол. Англискот бенд “Muse” успешно го тужеше “Nescafe” во 2003 година, кога нивната песна “Feeling Good” се користела за телевизиска реклама без дозвола.

Производи[уреди | уреди извор]

• Nescafé Original Blend

• Nescafé Classic

• Nescafé Clasico • Nescafé Dolca

• Nescafé Gold Blend, (во Шведска наречено 'Lyx' или 'Luxury')

• Nescafé Gold Blend Decaf, (во Шведска наречено 'Lyx' или 'Luxury'

• Nescafé Gold Blend Half Caff

• Nescafé Black Gold

• Nescafé Spécial Filtre (во Франција)

• Nescafe Blend 43

• Nescafé Blend 37

• Nescafé Decaff

• Nescafé Half CaffNescafé Fine Blend

• Nescafé Partners Blend (Fairtrade)

• Café Parisien (The Paris experience)

• Nescafé Suraya

• Nescafé Alta Rica

• Nescafé Alta Rica Decaff

• Nescafé Allen

• Nescafé Cap Colombie

• Nescafé Espresso

• Nescafé Red Cup (достапно во неколку европски земји)

• Nescafé Green Blend (со повеќе антиоксиданти, достапно во Шведска)

• Nescafé Azera (barista style instant coffee)

• Nescafé Café de Olla


Специјален асортиман[уреди | уреди извор]

• Nescafé Cappuccino

• Nescafé Cappuccino Unsweetened

• Nescafé Cappuccino Skinny

• Nescafé Cappuccino Decaffeinated

• Nescafé Decaffeinated

• Nescafé Latte Macchiato

• Nescafé Latte

• Nescafé Latte Skinny

• Nescafé Ice Java Coffee Syrup

• Nescafé Excella


Аасортиман на кафе со арома[уреди | уреди извор]

• Vanilla

• Irish Cream

• Mocha

• Double Choca Mocha

• Mocha Skinny


Три во едно[уреди | уреди извор]

• 3-in-1 Original

• 3-in-1 Sweet And Creamy

• 3-in-1 Creamylatte (со повеќе крем)

• 3-in-1 Chocolatte (со арома на чоколадо)

• 3-in-1 Strong and Rich (со силна арома)

• 3-in-1 Cappuccino

• 3-in-1 Mocha


Една ќесичка од 5 грама инстант кафе содржи 57 мг кофеин.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. nestle.com Nescafé Историја Шаблон:Ен