Национална централна библиотека во Фиренца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Националната Централна библиотека на Фиренца (италијански: Biblioteca Nazionale Centrale di Firenze) е јавна библиотека, најголема во Италија и една од најзначајните во Европа. Таа е една од двете Централни библиотеки на Италија, покрај Националната библиотека во Рим.

Историја[уреди | уреди извор]

Националната библиотека во Фиренца е основана во 1714 година кога библиотеката Публика Фиорентина  се споила во комбинација со библиотеката Платина. Потекло води од приватната библиотека на Антонио Маљабеки, чија  збирка содржи околу 300 000 копии од неколку ракописи. Во 1714 година таа е основана од страна на Фердинанд III од Ларајн, а неговиот наследник е Леополд III. Џан Гастон ди Медичи наредил 1737 оваа колекција се спои со колекцијата на Антоана Франциско Марија и изјавил дека правото на сопственост и припаѓа на јавната библиотека. Во 1747 година го добива името Маљабекијана. Во 1935 година колекцијата се чува во зграда  која била дизајнирана од страна на Казаре Базани и В. Мазеи, која се наоѓала по должината на Aрнo реката во кварталот Санта Кроче. Пред тоа, биле пронајдени во различни простории кои припаѓале на галеријата Уфици. Големата поплава на реката Арно во 1966 година оштетила речиси една третина од колекциите на  библиотеката, пред се нејзините списанија и зборници на Платиина и Маљабеки. Центарот за реставрација бил дополнително основан и успеал да зачува голем број на предмети кои се  бесценети. Сепак,  треба повеќе да се направи, а мора да се напомене дека  некои книги биле изгубени засекогаш.[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ALEXANDRIA: The journal of national and international library and information issuses. Gower House, Croft roud: : Subsriptionion Deratment Ashgate Ltd. 2002. 
  2. „Biblioteca Nazionale Centrale di Firenze“. Национална Централна Библиотека у Фиренци. конс. 4. 4. 2016. 
  3. Лидерство у библиотекама“ : спона науке, културе и привреде. Београд: ITAKA. 2007.