Наследството на Скарлати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наследството на Скарлати
Податотека:TheScarlattiInheritance.jpg
Прво издание
АвторРоберт Ладлам
ЗемјаСАД
ЖанрТрилер
ИздавачWorld Publishing
Издадена
1971
Страници358

„Наследството на Скарлати е првиот од 27-те трилер-романи, напишани од американскиот автор Роберт Ладлам.

Резиме[уреди | уреди извор]

Во Вашингтон, за време на Втората светска војна, се рашириле гласини дека некој елитен член на Нацистите сака да дезертира и да даде информации кои ќе ја завршат војната. Но ова дезертирање со себе го повлекло и ослободувањето на ултракласифицирано досие за наследството на Скарлати, досие чија содржина ќе уништи многу познати луѓе од Западниот свет ако излезе во јавноста Од таму, книгата не враќа наназад неколку децении, и ја раскажува приказната за еден корумпиран американски војник, неговата мајка-милијардерка и агентот кој работи за една од најмалите тајни служби во светот.

Медиумски адаптации[уреди | уреди извор]

Познатиот продуцент на Џејмс Бонд, Алберт Р. Броколи ги купил филсмите праза кратко по издавањето на книгата. Броколи побарал од Ладлам да напише сценарио, но Ладлам не бил подготвен.Исто така, Ладлам тврдел дека Броколи сакал да направи измени во приказната.

Далтон Трамбо потоа бил договорен да го напише сценариото и работел на него до 1975 година. Режисер и продуцент на филмот требало да биде Сол Свимер, но снимањето никогаш не почнал со снимање.