М-НАВ

Од Википедија — слободната енциклопедија

М-НАВ или Македонска навигација – компанија која го управува и контролира цивилниот воздушен сообраќај во Македонија. М-НАВ, акционерско друштво во државна сопственост, е основано во 2009 година.[1]

Историјат[уреди | уреди извор]

Во 2008 година владата носи одлука за отпочнување на основањето ова акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација. До основањето на М-НАВ давател на услуги на воздухопловна навигација е Агенцијата за цивилно воздухопловство. По основањето на друштвото, дел од вработените, основните средства и имотот од АЦВ преминуваат во М-НАВ. М-НАВ официјално започнува со работа на 1 јули 2009 година.[2]

Партизација и непотизам[уреди | уреди извор]

Синдикатот на контролори на летање обвинува за партизација и непотизам во М-НАВ уште пред официјалниот почеток со работа на компанијата.[3] Според весникот „Дневник“ без студија или деловен план за развој, бројот на вработени во М-НАВ е зголемен за 54 лица во однос на систематизацијата подготвена од консултантска куќа платена од владата на Италија, која предвидува 256 вработени во компанијата. Синдикатот на контролорите на летање предупредува дека во штотуку основаната компанија партизацијата ќе штети на стручните кадри, неопходни за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај. Претседателот на синдикатот, Александар Тасевски, негодува дека во компанијата ќе се вработува „помошен персонал, кој нема врска со воздухопловната дејност“.[4]

Во февруари 2010 година, Беким Незири, тогаш член на Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори на компанијата, нападнал вработен во М-НАВ како контролор на летање, инструктор. Незири го удрил и го турнал по скали инструкторот, а подоцна поднел предлог до Управниот одбор за негово разрешување. Според Сакам Да Кажам, снимките од нападот биле избришани. Инструкторот добил отказ, формално врз основа на тоа што пет дена неоправдано отсуствувал од работа. Според СДК, Незири електронски го избришал боледувањето на инструкторот додека тој се опоравувал од нападот. Инструкторот го тужел Незири и го добил судскиот процес, но поради притисоци заедно со семејството се иселил од Македонија.[5]

На 4 јануари 2024 година поголема група упаднала во просториите на контролата на летање на Меѓународниот аеродром Скопје и нападнала вработени во М-НАВ.[6]

Финансирање[уреди | уреди извор]

Како непрофитабилно трговско друштво, М-НАВ не се финансира од државниот буџет, туку од сопствени средства кои ги добива од Евроконтрол.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „За нас“. mnavigation.m-nav.info. Архивирано од изворникот на 2024-01-05. Посетено на 2024-01-05.
  2. „10 години М-НАВ“. mnavigation.m-nav.info. 2019-08-23. Архивирано од изворникот на 2024-01-05. Посетено на 2024-01-05.
  3. „Канал 5: Врие во контрола на летање. Синдикатот обвинува за партиски вработувања (15.06.2009)“. time.mk.
  4. „Дневник: Во контролата за летање се вработува без контрола (15.06.2009)“. time.mk.
  5. „Беким Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор на летање“. Сакам Да кажам. 2024-01-05. Посетено на 2024-01-05.
  6. „Нападнати контролори на летање, МВР истражува кои се насилниците“. Радио Слободна Европа. 2024-01-04. Посетено на 2024-01-04.
  7. „Финансирање“. mnavigation.m-nav.info. Посетено на 2024-01-05.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]