Музеј на ЕВН
![]() | |
Основан | 10 мај 2017[1] |
---|---|
Место | Матка, Скопје, ![]() |
Тип | технолошки |
Мреж. место | http://matka.com.mk/ |
Музеј на ЕВН или Изложбен центар на „Матка“ — технолошки музеј, прв од таков вид на територијата на Македонија.[2] Се наоѓа под браната „Св. Андреја“ во близина на селото Матка, Скопско.
Опис[уреди | уреди извор]
Музејот се наоѓа во старата хидроцентрала на Матка проектирана од страна на Миладин Пеќинар во периодот 1935-1938 година. Во 2016 година објектот бил реновиран и пренаменет во изложбен простор, кој бил отворен на 10 мај 2017 година.[1]
- Поставка
Во поставката на изложбаниот центар можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа, реални компоненти на електроенергетски сиситем како и уникатни образовни експонати изработени специјално за центарот и наменети за учење преку интеракција.
Темите кои ги опфаќаат експонатите се:
- историја на електрификација на Македонија
- историја на хидроцентралата Матка
- поим за електрицитет и електрична енергија
- електро-енергетски систем
- обновлива енергија: хидроенергија, сончева енергија, ветер
- енергетска ефикасност
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „ЕВН Македонија го отвори првиот музеј за електрична енергија во регионот“. Скопје. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Музејот на ЕВН во туристичка понуда на Скопје: Хидроцентралата Матка произведува струја од 1938 година
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Координати: 41°57′11.7″N 21°17′51.6″E / 41.953250° СГШ; 21.297667° ИГД