Мрежен мониторинг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мрежен мониторинг опишува употреба на систем кој непречено надгледува една компјутерска мрежа за бавни или компоненти што можат да откажат, и кој го известува мрежниот администратор(преку email, пејџер или други аларми) во случај на прекини на електрична енергија. Тоа е подмножество на функциите вклучени во мрежното управување.

Детали[уреди | уреди извор]

Додека систем за откривање на натрапници ја надгледува мрежата за натрапници од надвор, системот за мрежен мониторинг ја надгледува мрежата за проблеми предизвикани од преоптоварени и/или паднати опслужувачи, мрежни врски или други уреди.

На пример, за да се одреди статусот на некој вебопслужувач, софтверот за надгледување може периодично да праќа HTTP барање до некоја страна. За email опслужувачи, тест порака може да биде пратена преку SMTP и примена преку IMAP или POP3.

Најчести мерни единици се време на одзив, достапност и време на работа, иако единиците за доследност и надежност стануваат популарни. Распространетото додавање на уреди за oптимизација на WAN има неповолен ефект на повеќето од алатките за мрежен мониторинг - посебно кога станува збор за прецизно мерење на време на одзив на две крајни точки затоа што ја ограничуваат видливоста на обиколката.[1]

Неуспехот за барање на статус - како кога не може да се воспостави врска, и истекува времето, или документот или пораката не може да биде вратена - обично иницира акција од системот за надгледување. Овие акции варираат—аларам може да биде пратен(преку SMS, email, и др.) на соодветниот администратор, автоматските системи за бекап може да се активираат за да го отстранат проблематичниот опслужувач од должноста додека не биде поправен, итн.

Надгледување на перформансите на мрежниот uplink е исто така познато како мерење на мрежен сообраќај, и овде се наведени повеќе софтвери за таа намена.

Мрежна томографија[уреди | уреди извор]

Мрежна томографија е важна област од мерењето на мрежата, која се справува со надгледување на виталноста на различни линкови во мрежа користејќи проби со крајни точки пратени од агенти сместени на поволни точки во мрежата/Интернет-от.

Анализа на патеки[уреди | уреди извор]

Анализа на патеки е уште една важна област од мерењето на мрежата. Таа ги вклучува методите, системите, алгоритмите и алатките за надгледување на состојбата на рутирачката слика на мрежата. Неправилно насочување или проблеми со насочувањето предизвикуваат непожелни снижувања на перформансите или евентуална пауза.

Различни типови на протоколи[уреди | уреди извор]

Сервис за надгледување на мрежни места може да проверува HTTP страни, HTTPS, SNMP, FTP, SMTP, POP3, IMAP, DNS, SSH, TELNET, SSL, TCP, ICMP, SIP, UDP, мултимедијални потоци и ранг на други порти со разновидни интервали на проверка во рок од еден час па до една минута. Типично, повеќето сервиси за мрежен мониторинг тестираат одреден опслужувач некаде помеѓу еднаш за 1 час и еднаш во минута.

опслужувачи низ целиот свет[уреди | уреди извор]

Сервисите за мрежен мониторинг обично имаат одреден број на опслужувачи низ целиот свет - на пример во Америка, Европа, Азиjа, Австралија и на други локации. Со тоа што имаат повеќе опслужувачи на различни географски локации, сервисите за надгледување можат да одредат дали некој опслужувач е достапен за различни мрежи низ целиот свет. Што повеќе локации се користат, толку покомплетна е сликата за достапноста на мрежата.

  1. „The impact of WAN Optimization on NetFlow/IPFIX measurements“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2011-01-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]