Мравка (столица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оригиналната триножна столица претставена во Данскиот музеј на дизајн

Столицата Мравка претставува класика на модерниот дизајн на столици. Таа била дизајнирана во 1952 година од страна на Арне Јакобсен за употреба во кантината на данската фармацевтска фирма Ново Нордиск.[1][2] Столицата била наречена Мравка („Myren“ на дански јазик) поради приближната сличност со контурите на мравка со главата подигната нагоре.

Столицата била дизајниран како лесна, стабилна, едноставна за употреба. На оригиналниот модел имало три пластични ногарки и седиште направено од фурнир. Столотицата се покажала како многу популарна. Подоцна пластикните ногарки биле заменети со ногарки од челик. Исто така била изработена и верзија со четири ногарки.

Литература[уреди | уреди извор]