Прејди на содржината

Млади социјалисти на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Млади социјалисти на Македонија (МСМ) е огранизација, политички подмладок на Социјалистичка партија на Македонија која себеси се одликува како организација со лева социјалистичка ориентација, но е поточно ако се каже дека станува збор за организација со демократско социјалистичка ориентација. Идеолошката ориентација е во корелација со идеолошката ориентација на Социјалистичка партија на Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Млади социјалисти на Македонија делуваат од 12 декември 1993 година. До 2010 одржале 8 изборни собранија на кои биле избирани раководни структури. Од Млади социјалисти на Македонија произлегле голем број политичари меѓу кои и Ацо Спасеноски и Зоран Витанов.

Организационо ниво

[уреди | уреди извор]

Во 2010 на 8то изборно собрание на МСМ беа изгласани:
Малиша Станковиќ (Претседател)
Наум Стојчевски (Потпретседател)
Зоран Ангелов (Потпретседател)
Стојан Христовски (Потпретседател)
Марјан Цавироски (Генерален секретар)

Функционално ниво

[уреди | уреди извор]

Како дел од функционалното ниво на Млади социјалисти на Македонија се пет сектори:
Сектор за информатичка технологија
Сектор за меѓународна соработка
Сектор за култура забава и спорт
Сектор за финансирање
Сектор за меѓупартиска координација

Меѓународна соработка

[уреди | уреди извор]

Млади социјалисти на Македонија се полн член на ЕМДМЛ (Европска мрежа на демократска младинска левица) и од генералното собрание 2010 година се во нејзиниот одбор.