Прејди на содржината

Младиот Терлес (филм од 1966)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Младиот Терлес (германски: Der junge Törless) - германско-француски филм од 1966 година, во режија на Фолкер Шлендорф. Главните улоги ги играат: Матје Карие, Маријан Зајдовски, Бернд Тишер и Франц Диц. Филмот бил добитник на наградата „FIPRESCI“ на Канскиот филмски фестивал.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Младото момче Терлес (го игра Карие) е питомец во воено училиште. Тој се зближува со двајца питомци, Бајнебер (го игра Тишер) и Рајтинг (го игра Диц), кои редовно применуваат брутално насилство врз питомецот Барзини (го игра Зајдовски), откако го фаќаат при обидот да украде пари. Терлес мирно ги набљудува тие сцени, иако тој самиот не учествува во насилството, а неговите другари му забележуваат на пасивноста. Сепак, кога сите питомци се здружуваат и заедно се изживуваат врз Барзини, Терлес го напушта интернатот. Потоа, тој мирно се појавува пред професорите кои го сослушуваат по што го напушта военото училиште.[2]