Михаил и Евтихиј
Изглед
Михаил Астрапа и монахот Евтихиј (грчки: Μιχαήλ Αστραπάς και Ευτύχιος) биле византиски зографи од Солун, претставници на таканаречената Палеолошка ренесанса. Творештвото на двајцата зографи процветало од 1294 до 1317 година. Помеѓу црквите кои ги живописале се „Света Богородица Перивлепта“ („Свети Климент“) во Охрид (1294 - 1295 г.), „Свети Никита“ в Бањане (пред 1316 г.) и „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане (1317).