Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 2024 |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 42[1] (2024) |
Годишен буџет | 34.449 милиони MKD[2] (2024) |
Надлежен министер | Сања Божиновска |
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини скратено МЕРМС при Влада на Македонија ги следи состојбите и појавите на пазарот на енергија, минерални суровини и рударство, како и влијанието на мерките на енергетската политика. Министерството, исто така, ги следи економските, структурните и техничко-технолошките состојби во овие области и предлага мерки за остварување на развојната и тековната енергетска политика во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини. Презема мерки против монополската положба и монополското однесување во енергетскиот сектор, се грижи за подготвување програми за глобален материјален развој на човечките ресурси во овие сектори и го следи системот и политиката на цени на енергетските производи и услуги. Исто така, Министерството врши работи поврзани со геолошките истражувања и експлоатација на минералните суровини, енергетиката, примената на општите и техничките нормативи, прописи и стандарди, метрологијата и други релевантни активности.
Целите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
[уреди | уреди извор]Целите и активностите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се движат во насока на создавање услови за забрзан развој на енергетскиот сектор и рударството, како и успешна интеграција на Република Македонија во енергетските и минералните пазари на ЕУ и Евроатлантските структури. Министерството се стреми кон зголемување на ефикасноста во производството, снабдувањето и користењето на енергија, одржливо искористување на минералните суровини, поттикнување на инвестиции во рударството и енергетиката, како и подобрување на конкурентноста во овие сектори. Министерството, исто така, го промовира зголемувањето на индустриското производство поврзано со енергетиката и рударството и се стреми кон поблиска соработка со потрошувачите и невладините организации со надлежност за претставување на интересите на потрошувачите.
Должности
[уреди | уреди извор]- енергетиката, енергетската политика и планирањето на развојот во областа на електрична енергија, природен гас, нафта и деривати на нафта, топлотна енергија и термални води, како и други видови енергија и нивна експлоатација;
- снабдувањето со енергија;
- спроведувањето на постапки за селекција и именување на органите на раководење, управување и надзор во правните лица од областа на енергетиката во целосна или доминантна државна сопственост;
- стратегијата и политиката за енергетска безбедност;
- рационалната употреба на енергијата и енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија;
- координацијата на работата и реализација на енергетските инвестиции;
- рударството, стратегија и политика за развој на рударството;
- експлоатацијата на минерални суровини и геолошки ресурси;
- геолошките истражувања и истражувања поврзани со експлоатација на минерални суровини;
- изработката на програма за истражувачки работи од областа на основните геолошки истражувања поврзани со одржливото користење на ресурсите;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.
- Во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е Бирото за метрологија.
- Бирото за метрологија има својство на правно лице.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2019-06-09.
- ↑ „Буџет на Република Македонија за 2024 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-06-19. Посетено на 2024-06-19.