Меѓународен ден на младите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународен ден на младите
Меѓународен ден на младите
Одбележување на Меѓународниот ден на младите во Северна Кореја
Датум12 август

Меѓународниот ден на младите (скратено МДМ) — ден на подигнување на свеста определен од страна на Обединетите нации. Целта на денот е да се привлече вниманието кон одредени културни и правни проблеми во врска со младите. Првиот МДМ бил обележан на 12 август 2000 година.

Позадина[уреди | уреди извор]

Меѓународниот ден на младите се обележува секоја година на 12 август. Се користи како можност за владите и другите да го насочат вниманието на младинските прашања ширум светот. За време на МДМ, низ целиот свет се одржуваат концерти, работилници, културни настани и состаноци со претставници на национални и локални власти и младински организации.

МДМ беше назначен од страна на Обединетите нации во 1999 година со усвојување на Резолуцијата 54/120[мртва врска].[1]

Слоган на Меѓународниот ден на младите за 2014 година беше Млади и ментално здравје . За 2015 година, тоа беше Младинско и граѓанско ангажирање. Темата на Меѓународниот ден на младите во 2016 година беше „Патот до 2030 година: искоренување на сиромаштијата и постигнување одржлива потрошувачка и производство“.[2] За 2017 година, темата на IYD била „Младинско градење мир“. Темата за МДМ 2018 била „Безбедни места за млади“. На овој начин ќе се продолжи со што се признаваат придонесите на младите луѓе за спречување конфликт, поддршка за вклучување, социјална правда и одржување на мирот.[3] И за 2019 година, темата на МДМ била „Трансформирање на образованието“ за да се направи едукацијата инклузивна и достапна за сите млади.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Youth at the United Nations: 12 August - International Youth Day“. Посетено на 7 февруари 2020.
  2. „International Youth Day, 12 August“. www.un.org (англиски). Посетено на 7 февруари 2020.
  3. „International Youth Day, 12 August“. www.un.org (англиски). Посетено на 7 февруари 2020.