Мешач за коктели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Троделен (коблер) мешач за пијалоци

.

Мешач за коктели или Шејкер (од англ. shake=тресе) е специјален сад кој се користи за мешање на пијалоци со тресење. Постапката се одвива така што во садот се ставаат состојките на пијалокот (обично алкохол, ликери, овошен сок итн.), по потреба и неколку коцки мраз, и потоа се затвара садот со капачето и се протресува 5-10 секунди. Пијалоците кои треба да бидат проѕирни не се протресуваат туку се мешаат во шејкерот.

Постојат разни видови на мешачи:

  • Бостонски шејкер: дводелен сад кој се состои од метално дно и пластичен капак. Ако е потребно цедење на пијалокот, се користи посебна цедалка.
  • Коблер шејкер: троделен сад кој има дно, капак со сито и уште едно капаче над ситото. Капачето се користи и како мерка.
  • Француски шејкер: исто дводелен сад од метално дно и метален капак.