Масовни комуникации и нивни карактеристики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Масовните комуникации се карактеристична појава за современото општество и најчесто се поврзани со медиумите за масовно информирање и комуницирање (печат, радио, телевизија, филм и сл.).

  1. Масовното комуницирање претставува постоење комплексна формална организација во која работат голем број новинари и други професионалци од областа на информациите, кои го обезбедуваат производството на соопштенијата иа на другите коминикациски содржини, како и менаџерски тим, кој ги обезбедува функционирањето, координацијата, контролата и управувањето на организацијата;
  2. Масовното комуницирање е јавно. Тоа значи дека сите соопштенија, сите програми се наменети за широката јавност;
  3. Масовните комуникации се одвиваат меѓу комуникаторот (телевизија, радио, печат и др.) и широка, масовна, бројна публика, чиј обем не може да се прецизира. Целта на масовните медиуми е масовно производство на пораки, кои се распростираат на широки пространства и офаќаат голем број на луѓе;
  4. Публиката што е опфатена со масовните комуникации е разновидна (хетерогена). Всушност, публиката ја отсликува фактичката социјална, економска, национална и секаква друга структура во општеството;
  5. Публиката е анонимна, непозната и нејзиниот состав непрестајно се испитува, и, на некој начин, се пребројува од страна на медиумите за масовно комуницирање;
  6. Пораките на масовното комуницирање треба да бидат актуелни, да се однесуваат на тековните собитија на социјалниот живот;
  7. Масовните медиуми овозможуваат истовремен контакт со многу луѓе оддалечени од изворот, но и меѓусебно просторно оддалечени. Истовременото примање на пораките остварува поголема еднообразност во нивното прифаќање и селекција.