Марџери Алингем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марџери Алингем
Роден/аМарџери Луиз Алингeм
20 мај 1904(1904-05-20)
Илинг, Лондон, Обединето Кралство
Починат/а30 јуни 1966(1966-06-30) (возр. 62)
Колчестер, Есекс, Англија
ЗанимањеРоманописец
Период1923–1966
ЖанрМистерија, детективска фикција
Сопруг/аФилип Јангмен Картер

Марџери Луиз Алингeм (20 мај 1904 – 30 јуни 1966) ― англиска писателка од „Златното доба на детективските романи“. Таа, заедно со Агата Кристи, Дороти Ли Сејерс и Најо Марш, се сметала за една од четирите „кралици на криминалот“.

Алингем е најпозната по јунакот од нејзините романи, детективот Алберт Кемпион.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Марџери Алингам е родена на 20 мај 1904 година во лондонската населба Илинг во Англија. По раѓањето, нејзиното семејство се преселило во село во близина на Колчестер.

Во 1923 година го објавила нејзиниот прв роман, Белкерчиф Дик. Нејзино прво дело со детективска тематика била серија раскази објавени од Дејли експрес во 1927 година. Популарност кај читателската публика стекнала во 1929 година по објавувањето на романот Злосторството кај Блек Дадли. Ова било прво дело во кое се појавува Алберт Кемпион, иако прво како спореден лик.[1] Алберт Кемпион повторно се појавува во Мистериозната милја, делумно благодарение на притисокот од нејзините американски издавачи. Кемпион се покажал многу успешен лик, а Алингем го направила централен лик во уште 17 романи и преку 20 раскази.

Алингам боледувала од рак на дојка и починала на 30 јуни 1966 година, на 62-годишна возраст. Нејзиниот последен роман, Товарот на орлите, по нејзино барање го довршил нејзиниот сопруг и бил објавен во 1968 година.

Наводи[уреди | уреди извор]