Малешевски балкан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Малешевски Балкан; орган на македонските борци бил весник на македонската емиграција во Бугарија, излегувал во Софија, ги застапувал позициите за самотојна и автономна Македонија и истапувал против странските пропаганди.

Во статијата „Барем не пречете ни" било истакнато: ...го фрлија во нашата средина јаболкото на расправа и без тоа нашите слаби сили и уште ја имаат дрскоста да ни се претставуваат за такви што ни го сакаат доброто! Тие го посеаја сред нас семето на расправии, признаа едни од нас за Срби, други за Бугари, инспирираа некои од нас да ги поддржуваат со своите агитации и нашите непријателски односи, и ете ти го нашиот најголем пораз. Пораз скандалозен, зашто е мирен! При најголемата слабост на нашиот непријател, при неговата најголема разлабавеност, ни ги врзаа рацете. Да повторам, со своите класификации на Срби и Бугари, тие буквално ни ги врзаа рацете, зашто не оставија да се караме меѓу себе, а непријателот го оставаме слободен, та, кога ќе .... се врати и да не уништи и нас со се!!... [1][2]

Бил испраќан од Гоце Делчев во Македонија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Весник „Малешевски Балкан", орган на македонските борци. (Софиа) год. I, бр. 16 (1897), стр. 1
  2. Целиот текст: „Одвај има пожестока положба од онаа на Македонската кауза. Ангажирана од симпатии, чувства, од традиции да биде секогаш во најинтимни врски спрема своите директни соседи Бугари и Срби и др., таа денеска најбезмилосно изненадува и тера на покајание. Никој, без сомнение никој, нема да ја оспори оправданоста на нашите надежи во Бугарите и Србите, како луѓе што најблиску стојат до нас, како народ со еднакво минато како што е нашето и др. Судејќи според нивните сензации за секоја наша најмала несреќа при други околности и време; верувајќи во искреноста на нивните зборови кои и сега не престануваат да бидат најласкави; ние никогаш не сме го испуштиле случајот да покажеме до каква висока степен зависи нашата судбина од нивната добра желба да ни помогнат, ние никогаш не сме престанувале да веруваме дека тие го сфаќаат она што се должни да го сторат за нас. Ние никогаш не сме престанувале да им зборуваме дека сета наша надеж и сила се состои во нивната. Ние во тоа имаме право. Народ поробен и свикнат на ропство, ако се избришат во него секакви траги од добродетели на пожртвуваност, најнеопходни во случајот, каков што сме ние, да помисли, без да авансира зад грбот со несомнена сила, за бунт, мешаница против царштината, за која Соломон рекол бездруго да се почитува, зашто „секоја власт е даден од Бога", што значи за него е тоа најголема навреда. А Бугарите и Србите требаше да го напуштат своето досегашно поведение, коешто е за осуда, и да ги оправдаат надежите наши и да си го исполнат својот долг. Да, и да си го исполнат својот долг, зашто и искупувањето и на нивните слободи не малку жртви не фаќало нас, зашто ние им дадовме разни Жинзифовци, и браќа Миладиновци, заштo сега несреќната Македонија е мајка на своите браќа Кирил и Методиј. Зашто уште не малкумина македонски херои ги положија своите бујни глави за да ја искупат нивната слобода. Понатаму, зашто нивните чувства, морални должности; зашто нивните непосредни интереси и традиции, зашто најпосле и нивниот хуманизам и апстрактна наредба на верските правила им го диктираат, им го заповедуваат тоа. А во одговор на тоа, што гледаме? Што прават Србите и Бугарите и што направиле досега? - Ништо, тукуречи ништо. Или не. Ништо не е она што тие го сториле за Македонија. Не се ништо тукуречи пакостите што тие свесно ни ги донесоа! Пред соблазнивата перспектива за нашето идно поробување од една од нив, тие направија сојуз со цел да не разделат како една несвесна маса за да можaт понатаму слободно да не експлоатираат. Нешто повеќе, тие направија и продолжуваат да прават на наша сметка престапи кои, убаво нека запомнат, со најцрни бои ќе бидат предадени на идните поколенија од современиот историчар; тие станаа сојузници на султанот: го фрлија во нашата средина јаболкото на расправа и без тоа нашите слаби сили и уште ја имаат дрскоста да ни се претставуваат за такви што ни го сакаат доброто! Тие го посеаја сред нас семето на расправии, признаа едни од нас за Срби, други за Бугари, инспирираа некои од нас да ги поддржуваат со своите агитации и нашите непријателски односи, и ете ти го нашиот најголем пораз. Пораз скандалозен, зашто е мирен! При најголемата слабост на нашиот непријател, при неговата најголема разлабавеност, ни ги врзаа рацете. Да повторам, со своите класификации на Срби и Бугари, тие буквално ни ги врзаа рацете, зашто не оставија да се караме меѓу себе, а непријателот го оставаме слободен, та, кога ќе .... се врати и да не уништи и нас со се!! Тоа е најголемо зло што никогаш не се сомневавме да го претпоставиме! Не смеевме, велиме, да допуштиме дека дури ќе не снајде од некои сосема туѓи луѓе, а што да речеме во случајот! Наши соплеменици, наши браќа... Перото се откажува натаму да реди. Но што прикажуваме? О голема заблудо! Во што се виновни имено Бугарите и Србите, само ако се разликуваат добро нивните поими? Во што згрешиле досега, не владите во овие наши два братски народа, ами самите тие народи - Србите и Бугарите! Колку пати се случува овие два народа преку разни митинзи, и како што им наредуваат нивните влади, да употребат севозможни средства за извојување барем на најнеопходното право на Македонците. Не еднаш, не двапати; но кој ги слуша? Владите на Бугарија и Србија се полјаци на турските ниви во нивната територија. Значи, една молба кон сите Македонци: не давајте пат на вештачки поддржаните кај нас непристојни страсти, пред мислата за силата на нашиот непријател, против кој има да се бориме. Да не правиме разлика меѓу нас со некакви Срби или Бугари, зашто сите пред сè друго сме Македонци, робје на еден крвожеден ѕвер каков што е султанот Хамид. Најпосле два збора и кон бугарската влада. Го прашуваме ние нејзиниот шеф г. Стоилов: каков грев сторил пред неговата неумолива голема „огромна" полициска партија, да не ги пробира средствата со кои гледа да ѝ направи што почувствителен удар? Каква цел гониш со ова, о несреќно бугарско пигмејче, та не предвидуваш дека патот на твоето поведение води само кон пропаст. Нема ли во тебе капка од онаа бугарска добродетел која се вика сочувство кон маките на своите блиски? Зар само неколку „османчиња" беа доволни за да го поврзат твоето адско срце кон престолот на султанот? Зошто ги гониш, зошто затвораш, зошто ги интернираш оние доблесни синови на несреќна Македонија кои ја имаат храброста и на збор и на дело да проповедуваат револуција против султанот? Зар не мислиш дека еден ден за сите тие работи ќе треба да се рапортира пред историјата? А тогаш? Тогаш, мрачен дипломату, што ќе рече потомството за тебе: Но, сето тоа е твоја работа, па не мислиш ли да туриш крај на твоите престапи против се буггрско, а и против неговото име? Жити бога оставете не на мира. Ако не сакате да ни помагате, барем не пречете ни!