Македонска народна банка (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Акција на Македонската народна банка, потпишана од Тодор Пиперевски, дизајн Стефан Баџов

Македонска народна банка била банка на македонската емиграција во Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Луѓето оставени сами на себе во туѓина биле без можност за да дојдат до некаков напредок. Македонците, кои биле иселени под присила, од сите страни, својот спас го барале во Бугарија. Македонската емиграција решила да создаде финансиски институции кои ќе можат да им помагаат првенствено на самите Македонци. Основањето на Македонска народна банка во Софија било замислено уште пред 1908 година при создавањето на Сојузот на македонски конституциони клубови во Солун. Идејата да се создаде финансова институција била реализирана од македонските емиграциски институти пред 1929 година.

Основање[уреди | уреди извор]

Уставот на Македонската народна банка бил одобрен од Софискиот Окружен Суд со одлука 1746 од 1 јуни 1929 година, а излезен во Државен весник број. 59 од 1925 година. Основниот капитал на банката изнесувал 32.000.000 лева распределени во 64.000 акции секоја по 500 лева. Македонската народна банка најпрвин започнала со доделување на кредити на трговци, индустријалци, занаетчии итн. Тоа било во 1929 година а веќе во наредната 1930 година тој влог бил удвоен на 40.000,000 лева.[1] Македонската народна банка имала отворена четири филијали и тоа, во: Св. Врач (денес Сандански) на 25.5.1930, Петрич на 5.1.1930, Неврокоп (денес Гоце Делчев) 11.5.1930 и Горна Џумаја (денес Благоевград) 19.10.1930. Претседател бил најпрвин, Иван Караџулов до 1930, а потоа Д-р.Петар Џидров, додека потпретседатели биле Крум Чепраников, Борис Антонов, Христо Станишев, Аврам Чаловски итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фонд 307 К, Македонска народна банка, БИА