Македонска еспорт федерација
Изглед
| Основана | 2009 |
|---|---|
| Вид | Национална спортска федерација |
| Седиште | Ул. Атинска бр. 1-3/1 Скопје, Македонија |
| Членство | МЕФ, ЕЕФ |
| Претседател | Бобан Тотовски |
| Спортски Директор | Игор Недески |
| Главно тело | Собрание Управен одбор |
| Припадност | Агенција за млади и спорт, Македонски олимписки комитет |
| Мреж. место | mesf.mk |
Македонската еспорт федерација (МЕСФ) — официјално административно и контролорно тело за еспорт во Македонија, кое ги раководи националните еспорт репрезентации, клубови, лиги и купови. Федерацијата е одговорна за организирање на домашни и меѓународни турнири во еспорт.
Структура
[уреди | уреди извор]Македонската еспорт федерација е федерација основана според законите во Македонија и според актите на европската и меѓународната федерација. Федерацијата била основана како единствено здружение на еспорт клубови, судии, контролории и тренери. Во федерацијата членуваат сите регистрирани еспорт клубови од Македонија.
Врховното тело на федерацијата е Собрание на МЕСФ и Управен одбор.