Лонгана (легендарно суштество)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лонгана

Лонгана е легендарно водно суштество од женски род. Лонганите се споменуваат во легендите за луѓето од Кадоре, Италија. Според легендата, овие суштества живеат во групи, во близина на карпи.

Нивните легенди се слични како оние на Фаунот бидејќи имаат долни екстремитети од кози. Тие се прикажани и како интелигентни и убави жени и редовно разговараат со духови, што го објаснува нивното извонредно познавање на природните настани.

Една легенда раскажува како една од жените Лонгана решила да се омажи со маж, и на крајот се венчале, само под услов мажот целосно да го заборави потеклото на жената. На крајот, двојката напредувала бидејќи жената работела земјоделска работа и им направила изобилството жито. Таа имала деца и поради тоа мажите почнале да ја нарекуваат жената погрдно, па таа побегнала оставајќи го сопругот и децата.